ОПШТИНА КОЧАНИ 

СЕ РАСЧИСТУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ПОСЛЕ СИНОЌАШНОТО НЕВРЕМЕ

По вчерашното невреме кое го зафати Кочани проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици и силен ветер, беа предизвикани голем број штети и интервенции во кочанско. Од ТППЕ Кочани изјавија дека постапиле по неколку претходни пријави од граѓаните и интервенирале на неколку локации во градот. Станува збор за отстранување на паднати дрвја и бандери. Поплавени биле и неколку подрумски простории, пришто ТППЕ Кочани интервенирало со испумпување на водата. Во исто време службите на „Водовод“ од вчера работат на расчистување на улиците од наносите од невремето.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Од „Осогово“, преку „Брегалница“ до „Адана Спор“

ИАКО ФИНАНСИСКИТЕ ДЕТАЛИ НЕ СЕ ПОНАТИ, ЕКСОСОГОВЕЦОТ ЈОВАН МАНЕВ, КАКО ФУДБАЛЕР НА „БРЕГАЛНИЦА“ НАПРАВИ ТРАНСФЕР ОД СОНИШТАТА, ПОТПИШУВАЈЌИ ЗА ТУРСКИОТ ПРВОЛИГАШ „АДАНА ДЕМИСПОР“, КАДЕ ЌЕ ГО ТРЕНИРА ВИНЧЕНЦО МОНТЕЛА, А ЌЕ СИ ДОДАВА ТОПКИ СО УЛТРАПОПУЛАРНИОТ БАЛОТЕЛИ. ЗА КОЛКУ ВРЕДЕН ДОГОВОР И КАКВА ПЛАТА МАНЕВ ЌЕ ГИ ВООДУШЕВУВА ТУРСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ФУДБАЛОТ ЗАСЕГА НЕ СЕ СООПШТУВА, НО СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА „БРЕГАЛНИЦА“ ЌЕ ДОБИЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА. Фудбалерот кој своите први чекори на зелениот терен ги направи на градскиот стадион во Кочани, во редовите на „Осогово“ деновиве потпиша трансфер од соништата,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Назначен нов в.д. директор на КЈП „Водовод“

Денеска во просториите на КЈП „Водовод“ и во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов беше извршено примопредавање на раководната позиција директор на КЈП „Водовод“. За новоназначен в.д. директор од денеска е Антонио Паунов, којшто доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Иван Иванов. На денешната средба и разговор, поранешниот директор на новоназначениот ги претстави проблемите со кои се соочува Комуналното јавно претпријатие и предизвиците со кои ќе се соочи во идинина, во најголем дел проблемот со цената на електричната енергија и цената на енергенсите. Новоназначениот директор Паунов истакна дека неговите досегашни…

Прочитај повеќе