Црн рекорд , во Кочани 44 новозаразени и 1 починат

Денешните бројки на новозаразени со ковид 19 во Кочани се застрашувачки. За 24 часа се регистрирани рекордни 44 новозаболени и еден починат пациент на 41 годишна возраст.

Институтот за јавно здравје регистрираше 18 оздравени пациенти,а бројот на активни случаи во Кочани се искачи на 333.

Во општина Виница денеска се регистрирани 11 новозаразени и еден починат пациент на 66 годишна возраст, а бројот на активни случаи изнесува 181.

На ниво на држава , денеска се регистрирани 1112 нови случаи на ковид 19.

Сподели: