Кај две лица од Кочани пронајдени марихуана и хероин

На 21.12.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода С.А.(43) и Е.А.(33), двајцата од Кочани, затоа што при преглед на возило „опел вектра“, во кое се превезувале, биле пронајдени марихуана и хероин.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: