ОК на ВМРО – ДПМНЕ прашува: Колку куршуми има во една казна?

Каде си кога те нема?

Вчера преку социјалните мрежи беа најавени од страна на СВР Штип на Р.Македонија, вежбовни активности на единиците на МВР на спортско-рекреативниот центар на Пониква.

На истата показна вежба, денес, присутен е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Г-не министер, изгледа Вие, трошоците за оваа показна вежба сте ги обезбедиле два дена порано, кога под репресивни мерки алијас Републичка контрола, беа казнувани граѓаните на Кочани рандом, чиниш Кочани е Арачиново?!

Полнење на државната каса набрзина, чунки треба да се плати муницијата, од Нас-за Нас, за доброто на Народот?!
Еклатантен пример е денешното присуство на гореименуваниот кој требаше пред два дена да биде на местото на настанот, да ги гледа казнуваните во очи, и така да собира дневно-политички поени.

Никој од нас не е против спроведувањето на Законот, но сепак, полнењето на касата во време на пандемија, на грбот на граѓаните е само шамар, а два дена подоцна покажување мускули наместо реална соработка со граѓаните.

Колку куршуми има во една казна, Ве прашуваме?

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани
Со почит!

Сподели: