Дождот ја прекина сеидбата

ЧЕСТИТЕ И ДОЛГОТРАЈНИ ВРНЕЖИ ЈА ПРЕКИНАА СЕИДБАТА НА ОРИЗОВАТА КУЛТУРА КОЈА НИКАКО ДА ДОБИЕ НА ДИНАМИКА СО ЦЕЛ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ПОРАНО ОД ВООБИЧАЕНО. НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НЕГАТИВНО СЕ ОДРАЗУВААТ ВРЗ ПОНИКНУВАЊЕТО НА СЕМЕТО, А ЈА ПОТТИКНУВА ВЕГЕТАЦИЈАТА НА ПЛЕВЕЛИТЕ. ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТРУЧЊАЦИ ПРОЦЕНУВААТ ДЕКА Е ТЕШКО ДА СЕ ОЧЕКУВА СЕИДБАТА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ДО СРЕДИНАТА НА МАЈ, КОГА Е ОПТИМАЛЕН РОК.

Дождот ја прекина сеидбата на оризовата култура во ситуација кога Водостопанство Брегалница ги зафати водите од реките и го стави во функција системот со пуштање на вода од акумулацијата Калиманци. Врнежливото време на тој начин ќе го анулира предвременото активирање на хидросистемот со цел порана сеидба и вегетација на културата.

Вториот проблем кој ги загрижува земјоделците се необично ниските температури за овој период од годината, кои негативно се одразуваат врз поникнувањето на семенскиот материјал. Искусните одгледувачи на ориз веллат дека во такви услови водата е мошне студена и наместо на поттикнува ртење на зрното, тоа буѓосува, односно омекнува и се распаѓа.

Третиот проблем е што ниските темпераури ја поттикнуваат вегетацијата на плевелите, како што се просото и кндрата, што во подоцнежната фаза ќе изискува поголема примена на пестициди, а со тоа и поголеми издатоци.

Можеби најголем проблем од долготрајните врнежи ќе имаат земјоделците кои задоцниле со обработка на нивите, орање, дрлање и рамнење, бидејќи ќе им требаат неколку дена да се исцедат и засушат. А такви има многу, со оглед на фактот дека во многу атари механизацијата воопшто нема влезено.

Инаку, оптималниот рок за седиба на оризовата култура е средината на мај, што е предуслов за навремена вегетација, зреење и жетва на оризот.

Сподели: