Волците ги надитрија ловците

Ловното здружение „Бел Камен“ во неделата организираше хајка за одстрел на штетен дивеч, како завршна активност за изминатата ловна сезона. Масовното присуство на ловците опремени според пропишаните правила, создаде карактеристичен ловечки амбиент, исполнет со дружење, шеги и прераскажување на интересни случки. По завршување на хајката, ловците се собраа во Манастирот Пресвета Богородица, над селото Блатец, да ги соопштат резултатите од ловот …

-Хајката протече одлично организирано, како што беше планирана, но на овие терени не се појавија волци. Одстрелани се неколку лисици, како помалку атрактивен штетен дивеч. Задоволни сме од масовниот одзив на ловците, кои одработија на теренот. Хајката за завршуваме со заеднички ручек со посно гравче, по што следува дружење какво што знаат да направат ловсите, истакна претседателот на ЛЗ „Бел Камен“ Лазе Коцев.

Меѓу 250 ловци д Општина Виница, како и од други општини од околината, беше присутна и единствената ловџика, која со целосна опрема и ловечка пушта, активно учествуваше во хајката, како и најстариот ловец кој сеуште редовно излегува на терен и лови во текот на сезоната е Моне Балката, кој во ловот гледа возбуда, уживање во природата и дружење меѓу ловците

Инаку, ловците прокоментираа дека во подножјето на Плачковица, во атарот на селата Липев, Блатец и пошироко, забележена е и голема популација на диви свињи, кои до сега не се зафатени од болеста Африканска чума, што ветува богата ловна сезона од есен.

Сподели: