Маршрута на Ротари трката

Почитувани сограгани, во недела 28.05.2023 година ќе се одржи Rotary Run 2023, урбана трка по улиците во централното градско подрачје. Ротари трката во Кочани ќе се одвива на улиците: Теодосија Паунов, ул. Никола Карев, ул. Маршал Тито и ул. Кеj на револуциjата.

Стартот и целта на трката ќе бидат пред градскиот парк односно на крстосницата на ул. Тодосија Паунов со ул. АСНОМ, од каде ќе се трча накаj кружниот тек кај Два другара и ќе се продолжи по бул Теодосија Паунов и каде за трката ке се користи левиот коловоз гледано кон Виница додека десниот коловоз ке се користи за двосмерно одвивање на сообракајот. Од Кружниот тек ќе се трча по десната сообракајна лента од левиот коловоз во праверц кон Виница. Пред големиот кружен тек кај ОУ Малина Попиванова тркачите ке вртат назад и ќе трчаат по десната коловозна лента према полицијата користејќи ја левата сообраќајна лента.

На кружниот тек кај Два Другара ќе продолжат лево по ул. Никола Карев потоа после мостот ќе свртат десно по ул. Маршал Тито кога ќе дојдат до Шопинг центарот вртат десно преку мостот повторно десно по ул. Кеј на револуцијата се до Целта.

Ги повикуваме сите грагани ако веќе не се вклучени во трката да ни се придружат да ги бодриме тркачите по патеката како и на прикладната културна манифестација во градскиот парк пред Центарот за Култура. Подигањето на стартните пакети е од 10:00 часот а веќе во 10:30 ќе започне загревањето под водство на професионални инструктори.

Стартот на трката е од 11:00 часот. Доделувањето на пехарите на победниците е во 13:00 часот. А за целиот период од 10:00 до 14:00 ќе има прикладна музичка манифестација

Поради спроведување на трката и безбедност на сите учесници, горе наведените улици ќе бидат затворени за сообраќај во период од 09:00 до 14:00 часот, затоа апелираме до граганите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ги следат насоките на полицијата како и на редарите на настанот.

Граганите кои гравитираат и ги паркираат своите возила на посочените улици е потребно да ги дислоцираат ден претходно и соодветно да го планират движењето со нив. А продавачите и купувачите на зеленото пазарче кај автобуската станица потребно е да го планираат своето пристигање и заминување соодветно даденото време т.е. од 09:00 до 14:00 нема да можат да го користат приодот до пазарчето со возила

Сподели: