ОПШТИНА КОЧАНИ 

Избран изведувачот на комплексот Дом за престој на незгрижени лица

Заврши е-аукцијата за изградба на блокот ламели за домување на незгрижените лица од Старата касарна во Кочани. Најниска цена, која беше критериум за избор на изведувачот, дала фирмата „Панел М“ од Тетово. За изградбата ќе бидат наменети 23.748.753 денари. Во наредниот период, по комплетирањето на потребната документација, изборот на изведувачот ќе се официјализира со потпишување на одлуката. Проектот опфаќа изградба на седум типски куќички од цврста градба. Една ламелае со вкупна бруто површина од 138 метри квадратни. Просторот наменет за домување на едно смејство ќе има приближно 30 метри квадратни…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Оваа година ќе изостане потопувањето на Светиот крст во Кочанска река

Утре православните верници го празнуваат големиот кристијански празник Богојавление, Водици. Оваа година поради пандемијата предизвикана од КОВИД 19 , ќе изостане потопувањето на Светиот крст во водите на Кочанска река. Отец Димитар Арсовски информираше дека во кочанскиот храм Св. вмч Ѓорѓи ке се отслужи литургија , а водосветот ќе се отслужи во црковниот храм. Од православниот црковен храм апелираат до верниците да се запазуваат мерките за заштита и да се избегнат групирања.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Сопственик на угостителски објект заработи кривична пријава

На 30.12.2020 полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на пријавениот, при што било констатирано дека работи по дозволеното време, и дека во него биле затекнати девет лица. По комплетирање на предметот, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани деновиве поднесе кривична пријава против С.М.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Полициска вежба на „Пониква“ со детонации

Од 17.01 до 19.01. 2021 година  текот на ден и во вечерните часови на локалитетот Пониква, од страна на елитни единици на Министерството за внатрешни работи на Р. С. Македонија се спроведува оперативно-тактичка вежба. Во извршувањето на поставените задачи, полициските единици ќе употребуваат експлозивни средства, при што ќе има силни детонации, а ќе бидад видливи и распрскувачки и светлосни детекции и ефекти. Заради превентии мерки се известуваат граѓаните за оваа активност на полицијата со цел да не се предизвика паника и вознемиреност кај населението и посетителите на локалитетот, соопштуваат од…

Прочитај повеќе