Пуштен во употреба локалниот пат од Оризари до манастирот „Пресвета Богородица“ во Добра Вода

На празникот на Оризари, Свети Атанасиј, официјално беше означена завршената изградба на локалниот пат од Оризари до манастирот „Пресвета Богородица – Балаклија“ во месноста Добра Вода. Реализацијата на оваа сообраќајна врска којашто поврзува населено место со туристичка локација, со своето присуство ја поздравија заменик-претседателот во Владата на РС Македонија Љупчо Николовски, министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски Оливер Спасовски и Благој Бочварски, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и директорката на Центарот…

Прочитај повеќе