ЕКОЛОГИЈА 

Пајпер Мил не работи, Кочани со 93.3199 мг/к3 ПМ 10 честички загаденост

Утрово над Кочани и Кочанската Котлина се формира слој од чад, кој сведочи за загаденоста на амбиенталниот воздух. Тоа го потврдува и апликацијата која го мери квалитетот на водзухот во државава, на која утрово стои дека концентрацијата на ПМ 10 честичките изнесува 93.3199 мг на кубен метар, што е далеку над дозволената граница, и знакот е обоен во темно жолта боја која покажува висока загаденост. Ако сето тоа се случува во период кога капацитетите на Пајпер Мил, кој беше посочуван за главен загадувач, не работат, а од оџакот на излегува…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Што разговараа и договорија Мојсоски и Илијев?

Кусата и штура информација за денешната средба на градоначалникот Николчо Илијев и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, која беше лиферувана до медиумите, е уште една потврда дека новинарите и медиумите им се потребни и на функционерите и на граѓаните. Од разговорот во четири очи, ниту претставниците на седмата сила, ниту спортистите и спортските работници, ниту јавноста добија јасна претстава што конкретно е разговарано а што договорено. На пример за какви спортски објекти се работи, за кои спортски дисциплини, на кои локации од градот и општината, на…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Пејпер мил ги задржува 120-те вработени

Пејпер Мил од Кочани информира дека по правни консултации, а според Законот за работни односи, донесе одлука за статусот на 120-те вработени во фабриката.Во наредните два месеци вработените ќе добиваат 70% од платата иредовно ќе им бидат плаќанипридонеси за целиот период додека не одат на работа, заради привремениот прекин на работењето на фабриката. Од компанијата денес ги информирале вработените и за можноста за рестартирање на фабриката во април оваа година, кога тие повторно би се вратиле на редовна работа. Минатата недела управата на Пејпер Мил донесе одлука да го прекине…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот Илијев оствари средба со Наумче Мојсоски

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оствари работна средба  со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски. Илијев и Мојсоски разговараа за потребите и можностите за инвестиции во спортски објекти и реализација на спортски манифестации во Кочани. –Кочани има потреба од нови спортски капацитети, па со директорот на Агенцијата направивме кратка анализа на состојбите и потенцијалите и од двете страни: на  нашите  потреби, но и урбанистичките планови како основа за градење и на можностите на државата за поддршка на нови спортски објекти – соопшти по средбата градоначалникот Илијев.…

Прочитај повеќе