ПОЛИТИКА 

Илијев сеуште не се произнесува за кандидатурата

Со денешната изјава за Радио Кочани, актуелниот градоначалник Николчо Илијев уште повеќе ја збуни кочанската јавност дали ќе се кандидира, дали ќе го кандидираат и кој ќе го поддржи за претстојните локални избори. Цитираме, „ јас немам поднесено никаква апликација, меѓутоа точно е дека имам понуда за подршка како од граѓанскиот сектор, така и од една политичка партија. Сето тоа е во делот на разговорите, преговорите, имено, како што реков, јас одлука немам донесено, а за другите не можам да коментирам“. По оваа изјава остануваат отворени најмалку две прашања. Ако…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Брзи ПЦР тестови – на улица

ВО НЕПРИМЕРНО ИМПРОВИЗИРАНИ УСЛОВИ, ВО ПРАШИНА, МОБИЛНАТА ЛАБОРАТОРИЈА СМЕСТЕНА ВО КОМБЕ, ПАРКИРАНО КАЈ ГРАДСКИОТ СТАДИОН, ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ПРАВЕШЕ БРЗИ ПЦР ТЕСТОВИ. ОКОЛУ СТОТИНА ГРАЃАНИ ГЛАВНО ГАСТАРБАЈТЕРИ СТРПЛИВО ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО НЕОПХОДНИОТ ДОКУМЕНТ, ПЛАЌАЈЌИ ПРИТОА ПО 1200 ДЕНАРИ ЗА ТЕСТ. Вчера попладне во запустениот простор кај градскиот стадион и тениските терени, во прашина до колена, Мобилна лабораторија  по доцнење од два-три часа правеше и издаваше ПЦР брзи тестови на граѓани од Кочани. Можеби близу стотина граѓани, меѓу кои доминираа привремено вработените во странство, што можеше да се забележи…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

СДСМ прашува како се трошени парите во ГФК „Осогово“ ?

Почитувани, Во недостиг на транспарентни и отчетни информации во врска со случувањата и функционирањето на гордоста на Кочани – ГФК Осогово, должни сме јавно да прашаме: Дали спортот, спортските резултати и успеси со кои треба да продолжат да се гордеат и идните генерации се вистинскиот мотив во раководењето и функционирањето на фудбалскиот клуб? ГФК Осогово е клуб со традиција, историја и резултати, со плејада на спортисти кои дале свој придонес децении наназад. Секогаш, изборот на луѓе кои раководат со фудбалскиот клуб бил транспарентен, отчетен и најважно од сè – во…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Соопштение од ОО на СДСМ Кочани

Почитувани, Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Кочани му ја честита кандидатурата за градоначалник на Љупчо Папазов. Ни причинува посебно задоволство што опозицијата во Кочани конечно собра храброст да излезе со кандидат за градоначалник. Разочарани сме што поранешниот директор на КЈП „Водовод“ Љупчо Папазов застанува зад партија која деновиве самата на прес-конференција ја призна корумпираноста на своите кадри во минатото. Изненадени сме што партијата што го кандидира, преку него му дава неспорен легитимитет и повторно го враќа на сцена поранешниот градоначалник на Кочани, кој граѓаните силно го поразија на последните…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Наместо градежна козметика, ќе понудиме капитални објекти

Најнапред дозволете ми да изразам благодарност до претседателот, централните и локалните органи и тела на ВМРО ДПМНЕ за укажаната доверба да бидам кандидат за градоначалник на Општина Кочани. Чест и значајна одговорност е да добиеш можност да бараш поддршка за да го водиш градот во кој си се родил, израснал, си се школувал, си основал семејство и стекнал многу пријатели. За жал во изминатиот период во Кочани се изгуби енергијата и надежта на граѓаните за подобра иднина. Нема нови поголеми директни инвестиции, хаосот во сообраќајот е неподнослив, политиката на неказнивост…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Ја уценувал љубовницата, или 15.000 евра или се на видело

Полициската станица во Кочани поднесе кривична пријава против дваесет и шестгодишниот И.З. од Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена Пријавениот од средината на јуни 2021 до 18.07.2021, ја уценувал оштетената жителка на Кочани, со која бил во љубовна врска, дека ќе објави нејзини фотографии и видеозапис со компромитирачка содржина доколку не му даде 15.000 евра“, информираат од МВР. 

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Аки Акиов првиот ден ги собра потписите за независната листа за советници

Ако Акиов, како носител прв ја поднесе кандидатската листа за советници во Канцеларијата на ДИК во Кочани, и уште првиот ден не само што ги собра потребните 250 потписи, туку ја натфрли бројката и стигна до 330 потпишани граѓани. Акиов е прв и на ниво на држава кој поднесе листа и ги собра потписите. Инаку, од локалната канцеларија на ДИК истакнуваат дека интерес за независни листи и собирање потписи пројавиле и други граѓани од Кочани, но и од помалите општини Чешиново-Облешево и од Зрновци. Сето тоа зборува дека во октомври…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Изборно дерби Папазов – надпартиски, или Папазов – партиски?

Ќе има ли изборно дерби на 17. Октомври помеѓу Љопчо Папазов и Николчо Илијев, или СДСМ подготвува поголемо или помало дерби, со партиски кандидат. Оваа неизвесност ќе потрае уште некој ден, бидејќи наскоро се очекува владејачката партија да го обзнани својот кандидат за Кочани. Од досега виденото во политичките комбинаторики и анализи, Папазов без политички акробации, исклучиво низ доминантната поддршка од граѓаните на спроведените анкети, речиси глатко ја доби довербата на партијата. Тоа му дава предност од неколку дена во организациски аспект, за да ги започне подготовките за предизборната кампања.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се подобрува пешачката инфраструктура во Кочани – нови тротоари и во градот и во селата

За помалку од два месеца во Кочани се изградени околу илјада метри нови тротоарски површини. Со договорот за изведба на тротоари склучен по спроведена јавна набавка со фирмата „Коп инженеринг“ од Скопје, се поставуваат бетонски павер-елементи на улиците „Февруарски поход“ и „Ѓорче Петров“ во Кочани, како и во селото Тркање. Целта е и во градот и во населените места подеднакво да се подобрат сообраќајната безбедност и проодноста на учесниците во сообраќајот. Во Кочани, паралелносо рехабилитацијата на левиот коловоз на улицата „Тодосија Паунов“, се реконструира и тротоарот. Со градежните работи е…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Концесионерите со различни цени на ловот

На околу месец ипол пред стартот на ловната сезона, многу шпекулации кружат меѓу ловците поврзани со ловиштата и концесионерите кои треба да го организираат ловот. Коментарите дека поради истражни постапки, концесионерот Текстил, кој стопанисува со двете ловишта во Кочани, се откажал од концесионерството, денеска ги демантираше секретарот на ова ловно здружение, кој во телефонски разговор ни кажа дека ловните дозволи се добиени и дека освен за прелетен дивеч, ловната сезона за полезен и високопланински дивеч ќе се реализира според планот. Членарината за оваа година изнесува 5.000 денари, а ловците веќе…

Прочитај повеќе