Брзи ПЦР тестови – на улица

ВО НЕПРИМЕРНО ИМПРОВИЗИРАНИ УСЛОВИ, ВО ПРАШИНА, МОБИЛНАТА ЛАБОРАТОРИЈА СМЕСТЕНА ВО КОМБЕ, ПАРКИРАНО КАЈ ГРАДСКИОТ СТАДИОН, ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ПРАВЕШЕ БРЗИ ПЦР ТЕСТОВИ. ОКОЛУ СТОТИНА ГРАЃАНИ ГЛАВНО ГАСТАРБАЈТЕРИ СТРПЛИВО ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО НЕОПХОДНИОТ ДОКУМЕНТ, ПЛАЌАЈЌИ ПРИТОА ПО 1200 ДЕНАРИ ЗА ТЕСТ.

Вчера попладне во запустениот простор кај градскиот стадион и тениските терени, во прашина до колена, Мобилна лабораторија  по доцнење од два-три часа правеше и издаваше ПЦР брзи тестови на граѓани од Кочани. Можеби близу стотина граѓани, меѓу кои доминираа привремено вработените во странство, што можеше да се забележи од возилата со германски и други регистерски табличнки, стрпливо чекаа пред комбето, за да си завршат работа.

Фамилијарни луѓе и со мали деца, чекаа три часа од закажаното време до доаѓањето на мобилната лабораторија. Други коментираат дека ем требало да чекаат, ем да им дадат пари за тестовите. И зошто скриени овде во неуредениот простор, каде заглавија во прашина до колена. Како да се работи за илегално тестирање. Каков е овој начин, навистина на никој не му е јасно, и зошто државата го дозволува сето тоа.

Сподели: