ЦРНА ХРОНИКА 

Полицијата најде марихуана, кривична пријава за кочанчанец

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.07.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов оствари работна средба со тимот на Националната платформа за женско претприемништво, на која ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво. На средбата со тимот на Националната платформа, претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката од Источниот плански регион Ирена Мирчовска, градоначалникот ја истакна подготвеноста на Општина Кочани да иницира одржување на Форумот за женско претприемништво во овој регион. На тој начин се очекува во следниот период и на локално и на регионално ниво да му се даде…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се асфалтира новата коловозна лента на „Стево Теодосиевски“

Денеска започна асфалтирањето на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“. Во должина од 500 м се поставува првиот асфалтен слој од 8 см, а наредниве денови ќе се нанесе уште еден слој од 5 см. Градежните работи се одвиваат на потегот од Двојниот мост кон спојот со улицата „Димитар Влахов“, а ќе продолжат кон крстосницата со улицата „Глигор Апостолов-Гочо“, каде веќе е започната градбата на кружниот тек кај Туристичката агенција „Вел-јан“. Според најавите на стручните служби, завршната фаза на овој проект опфаќа уредување на простор за паркирање од јужната…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦАТА „ЛЕТА, ЛЕТА ЛОКУБИЈА“

Во рамките на долгогодишниот уметнички проект „Татковина – Споменик на слободата“ на визуелната уметница Елена Чемерска, кој има за цел физички и значенски да се ревитализира Споменикот на слободата во Кочани и да се реактивира неговиот еманципаторски потенцијал за локалната заедница, се објавува отворен повик за учество во работилнницата „Лета, лета Локубија”. Во рамките на овој проект, предвидена е дводневна работилница во период од еден месец за изработка на летала од рециклирани материјали од Градската депонија во Кочани, врз основа на цртежи на децата учесници во работилницата, инспирирани од мозаичните…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Кочанчани најдобри во 3х3 баскет турнирот во Штип

Во неделата во Штип со почеток од 19 часот се одигра турнир во баскет во центарот на градот. Во прекрасна атмосфера, беспрекорна организација и пред преполни трибини, учество на турнирот зедоа вкупно 16 екипи насекаде од државата (4 скопски екипи, по една од Струмица, Гевгелија, Велес, Кочани и неколку домашни екипи). Наш претставник беше екипата “Дружината на Вацко” во состав Димитар Филипов, Иван Серафимов, Филип Илијев и Вангелчо Митевски.Баскет турнирот се играше според официјалните 3х3 фиба правила, истовремено на два кошаркарски терени (поделени по осум екипи на терен),  од старт…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 23 јуни во Кочанско – третман од земја за заштита од комарци

В четврток, на 23 јуни 2022 година ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани. Вечерта, од 20 ч. до 1 ч. по полноќ, ќе се изврши прскање против комарци од земја, на површина од 300 хектарина подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третманот против комарци ќе го реализира стручна екипа на „Лиса ком“ од Кавадарци, а ќе биде употребен широкопојасен инсектицид, одобрен од Бирото за лекови. Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Џабе овци кога волната не оди

НИКОЈ ВО ДРЖАВАТА НЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ОТКУП НА ВОЛНАТА КОЈА СЕ ДОБИВА ПРИ СТРИЖЕЊЕ НА ОВЦИТЕ, ПОРАДИ ШТО СТОЧАРИТЕ ИЛИ ЈА ЧУВААТ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПОДОБРИ ВРЕМИЊА, ИЛИИ ЈА ФРЛААТ. ИМАЛО ВРЕМИЊА КОГА ЈАГНЕШКАТА КОЖА ВРЕДЕЛА ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД ЦЕНАТА НА ЈАГНЕТО, А СЕГА СЕ ОТКУПУВА РЕЧИСИ БАГАТЕЛНО. Иако волната во светски рамки е исклучително ценета суровина особено за текстилната индустрија, кај нас таа не вреди ниту денар. Нема кој да ја откупува, ни да ја преработува и понатаму да ја финализира во текстил и текстилни, односно конфекциски производи.…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Во тек е рокот за пријавување на Илинденските спортски игри

Општина Чешиново Облешево оваа година ги организира 50. Јубилејни Илинденски спортски игри. По тој повод ги покануваме сите заинтерирани екипи да го пријават своето учество. Рокот за пријавување е продолжен до 25.06.2022год. Екипите може да се пријават на тел. 078/844-207 Влатко,  070/382-197 Митко.  Наградниот фонд за овогодинешниот победник ќе изнесува 80 000 денари и 40 000 денари за второ пласираната екипа. Општина Чешиново – Облешево

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Потреси во јавните претпријатија

ТОТАЛНА НЕИЗВЕСНОСТ ВЛАДЕЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР, КОГА СЕ ВО ПРАШАЊЕ КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, КОИ СЕ ПОД СИЛЕН ЦЕНОВЕН УДАР НА СТРУЈАТА И ДРУГИТЕ ЕНЕРГЕНСИ. ШТОМ ДИРЕКТОРИТЕ БЕГААТ, ПРЕДВИДУВАЊАТА СЕ ПОВЕЌЕ ОД СЕРИОЗНИ. ПРЕТСТОИ ЛИ ПЕРИОД НА ЦЕПКАЊЕ И РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА? Драматични процеси се случуваат во државата, кога дошло ред директори на комплексни јавни претпријатија да ја менуваат функцијата со работно место во приватна компанија. И уште подраматични потреси се очекуваат во наредниот период, со оглед на некои навестувања и сигнали од типот на драстични поскапувања на струјата, бензините и…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Не е украден уште комбајн

ПРОВАЛНИТЕ КРАЖБИ ВО КОЧАНИ БЕЛЕЖАТ СЕРИОЗЕН ПОРАСТ ШТО ГИ ЗАГРИЖУВА И ГРАЃАНИТЕ И ОДГОВОРНИТЕ. КРАДЦИТЕ ОПЕРИРААТКАДЕ ШТО ЌЕ СТИГНАТ, ВО ПЕРИФЕРНИТЕ РЕОНИ И НАСЕЛЕНИ МЕСТА. СЕ КРАДАТ ТРАКТОРИ, МОТОРНИ ВОЗИЛА, МОТОЦИКЛИ, А НЕ СЕ ПОШТЕДЕНИ НИТУ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ ОД КОИ ГО СНЕМУВА РОДОТ. Тоа што надлежните во Општина Кочани се почесто се жалат дека во последно време се трпат сепоголеми штети од крадци кои хараат по градот и пошироко, е најсилниот аларм дека одредени негативни појависе излезени од контрола и дека службите тешко се справуваат со нив. Поедини граѓани, кои…

Прочитај повеќе