ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Tеатарска претстава ЈЗУ „Европа“ по повод одбележување на Мувембар – месецот на машкото здравје

Општина Кочани во соработка со Ротари клубот Кочани-Виница организира настан за одбележување на Мувембар – месецот на машкото здравје. Настанот е закажан за в петок, 25 ноември, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток од 19 часот. Ќе биде прикажана театарската претстава ЈЗУ „Европа“, работена по мотиви од текст на Мирољуб Недовиќ, во изведба на Театар Штип и во режија на Кристина Атанасова Арсова. Настанот ќе има донаторски карактер, а влезницата за претставата чини 250 денари и може да се набави во кафетериите Класик и Пролет. Во настанот ќе има…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Патронен празник на ОУ „Крсте Петков Мисирков“

Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари го одблежа својот патронен празник – 148 години од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков. По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор положија делегации од Општина Кочани и училиштето.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Националната годишна награда за жена претприемач на микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани

Во организација на Здружението на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска во Скопје започна Вториот годишен самит на Национална платформа за женско претприемништво. На Самитот на тема „Инспиративна иднина“, чија цел е зголемување на видливоста и профилот на Националната платформа и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и за женското претприемништво, беа доделени и наградите за најуспешни претприемачки за 2022 година. Наградата за жена претприемач во категоријата микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани,…

Прочитај повеќе