Uncategorized 

Во недела протест на полициските службеници од Кочани

Поради се поголемата зачестеност на кривични пријави против полициски службеници на кои суспензијата од работните места се користи како репресивна мерка и целосно дискредитирање на личноста на полицаецот, се посилна е потребата за жесток синдикален одговор. На 04.12.2022 година (Недела) пред зградата на ОВР Кочани, Независниот синдикат на полицијата ќе оддржи масовен протест како реакција на последните 4 решенија за суспензија на полициски службеници од БПС Кочани. Ги повикуваме сите колеги, граѓани, невладини организации, но и Министерот, Директорот на БЈБ и останати добро намерници, да застанеме рамо до рамо во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот на општина Кочани,Љупчо Папазов даде отчет пред граѓаните за првата година од мандатот

Вчера, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во Мултикултурниот центар даде отчет пред граѓаните за сработеното и активностите по повод една година од мандатот. За реализираните проекти во текот на изминатата година заедно со градоначалникот говореа и секретарот на Општина Кочани, раководителот на Секторот на уредување и располагање со градежно земјиште и раководителот на Одделението за јавни дејности. Презентираниот отчет за изминатата година содржи бројни завршени и отпочнатите проекти од различни области, работни активности во делот на инфраструктурата, културата и спортот, образованието, противпожарна заштита итн. Градоначалникот Љупчо Папазов за наредната…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржа 21. седница

Советот на Општина Кочани ја одржа 21. седница на чиј предлог-дневен ред се најдоа две точки. Со 18 гласа „за“, Советот донесе заклучок за прифаќање на  решението за запирање на објавувањето на Одлуката за доделување еднократна финансиска помош на локалните телевизии: ТВ Канал 8  и Телевизија Кочани – ЛД. По гласањето, на предлог на претседателот Лазо Митев, Советот ја симна од дневен ред втората точка – одлука за доделување еднократна финансиска помош на двете локални телевизии. Точките на 21. седница произлегоа од претходната седница, кога Советот даде поддршка на предлогот за еднократна…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Демант на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

СВР Штип- ОВР Кочани најостро ги демантира лагите изнесени на прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и ја известува јавноста дека при поднесувањето на кривичната пријава против директор на училиште е постапено во координација со надлежен јавен обвинител и со судија од Основен суд Кочани, при што е испочитувана целата законска процедура. Затоа, апелираме да престане ширењето на лаги со цел да се попречи правдата. Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани преземени се сите потребни мерки и активности во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Предавање и театарска претстава по повод Месецот на машкото здравје

По повод Месецот на машкото здравје, Општина Кочани и Ротари клубот Кочани-Виница организираа настан со кој ја актуализираа потребата за грижата за здравјето на мажите. Во петокот, во салата на Мултикултурниот центар се одржа кратко предавање од д-р Дарко Иванов, психијатар во Центарот за ментално здравје во Кочани, кој истакна дека расте бројот на психичките растројства кај мажите и ја нагласи потребата од нивно навремено дијагностицирање и лекување. Во вториот дел, актерите Елена Шорова Дербов, Владимир Тулиев и Миле Вратеовски од Штипскиот театар ја прикажаа театарската претстава, комедијата „ЈЗУ Европа“, во режија на Кристина…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на ОК на ВМРО -ДПМНЕ Кочани

Почитувана јавност, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и Комисијата за образование, во врска со неодамнешните случувања поврзани со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани, одлучи да се произнесе во јавноста за да се демантира вистинската намера на заробени институции контролирани од полициските структури на СДСМ. Централната власт и Владата конечно сфатија дека потполно потфрлија во справувањето со енергетската криза, инфлацијата, зголемената сиромаштија, владеењето на правото и водењето на државата по вистинскиот пат.Нивниот страв поради катастрофалниот рејтинг на последните анкети и предвремените парламентарни избори кои ќе се случат во пролет, ги мотивира оркестрирано во цела…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Наталија Теодосиева доби признание за најдобра млада уметничка од Претседателот Стево Пендаровски

Mладата и успешна актерка Наталија Теодосиева денеска го доби признанието за најдобра млада уметничка која на свеченост и го врачи претседателот Стево Пендаровски. Признанието „Успешни млади” се доделува по трет пат за резултати постигнати во изминатата календарска година во областа на општествените, природно-математичките и техничките, хуманистичките и на медицинските науки, на млади со значајни достигнувања во уметничките и во културните практики, како и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост. Во категоријата „Најдобар млад научник во општествени науки“ носител на признанието е д-р Виктор Стојкоски, додека за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани со поддршка на УСАИД ќе добие физибилити студија за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба и стопанисување со фотонапонски електроцентрали

Општина Кочани со поддршка на УСАИД ќе добие физибилити студија за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба и стопанисување со фотонапонски електроцентрали.Студијата ќе ја работи експертски тим во рамки на два проекти финансираани од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Станува збор за регионалниот проект Поврзани за развој (Connect for Growth – C4G) и проектот за зајакнување на мобилизацијата на ресурси (Strengthening Resource Mobilization Activity – SRMA). Поддршката ќе вклучи консултантската помош во изработка на физибилити студија за оправданост за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба и стопанисување со фотонапонски…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Бесправната градба на нишан на кривичниот закон

Судската разрешница на една дивоградба во Долни Подлог, за која лицето Бошко Алексов со место на живеење на Ул.Митко Беќарски во Кочани, а престојувалиште во Долни Подлог, заработил кривична пријава и во судска постапка е осуден на една година затвор, условно, доколку во текот на две години не го повтори истото дело, ја подигна на повисок степен одговорноста кога е во прашање бесправната градба, како во државата, така и во Општина Кочани. Случајот предизвика интерес и кај дел од советниците во Советот на Општина Кочани, кои побараа подетална информација, но…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 28 ноември Отчет на градоначалникот Љупчо Папазов

Се известуваат сите граѓани на Општина Кочани дека в понеделник, 28.11.2022 година во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи настан Отчет на Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов по повод една година од мандатот на Градоначалникот.  Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот. 

Прочитај повеќе