Во Кочани 15 новозаболени, 1 починат и 18 оздравени

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 15 новозаболени , еден починат пациенти на 65 годишна возраст и 18 оздравени пациенти.

Во општина Виница се регистрирани 2 новозаразени и 6 оздравени пациенти.

Бројот на активни случаи во Кочани е 303, а во општина Виница 171.

На ниво на држава се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид 19.

Сподели: