Во КОВИД одделението во Кочани хоспитализирани 9 пацинети

Поради зголемениот број на пациенти коишто бараат болничко лекување, од петокот е пуштено ковид одделението во Кочани на Интерно кое располага со 25 болнички кревети. За два дена се хоспитализирани вкупно девет пациенти, кои се со полесна клиничка слика, а деновиве доколку има потреба се очекува да биде пуштена во употреба и модуларната ковид болница, соопшти директорот на општа болница со проширена дејност Кочани, д-р Александар Серафимов.

-Сите пациенти се со полесна клиничка слика, а ние сме подготвени за примање на нови пациенти доколку има потреба од тоа. Во координација со Инфективното одделение во Штип, пациентите на Интерно одделение чии одел е пренаменет за лекување на пациенти позитивни на КОВИД 19 ги добиваат сите потребни услуги за лекување.

Инаку во Кочани за време на викендот се регистрирани 13 новозаболени пациенти, а во моментот активни се 124 случаи на ковид 19.

Од Кочанската опша болница апелираат до граѓаните да се вакцинираат , бидејки вакцините се безбедни и само така може да се спречи ширењето на коронавирусот. На вакциналниот пунк во Кочани достапни се вакцините на Синофарм, Синовак, Фајзер и АстраЗенека.

Сподели: