ЦРНА ХРОНИКА 

Групна пресметка со дрвени предмети во Кочани

Синоќа во Кочани се случила групна тепачка во која учествувале неколкумина жители на градот, а биле употребени и дрвени предмети, соопшти МВР. „На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров” во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно. Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А.,…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Полицијата заплени над 200 метри кубни бесправно исечени дрва, поднесени кривични пријави

Денеска (01.10.2022) полициски службеници од СВР Штип- ОВР Кочани, по претходно добиени оперативни сознанија за пустошење на шума, во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, постапувајќи во склоп на Оперативна акција „Гора“ околу 10.30 часот во Осоговските планини на место викано Бунари, покрај шумски пат, пронајдоа над 200 метри кубни бесправна сеча на огревно дрво бука, од кои околу 150 метри кубни подготвени за превоз од страна на правно лице од Кочани. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Жена платила 12.000 за дрва, а останала без нив и без пари

На 19.09.2022 во 10:40 часот во Полициската станица Кочани, 71- годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари. Според пријавеното, на 16.09.2022 околу 16:00 часот лицето дошло во  нејзиниот двор и ѝ понудило огревни дрва. Како што е пријавено, откако се договориле, таа му дала 12.000 денари, а лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Запленето буково дрво во кочанско, возачот избегал

На 19.09.2022, по преземени мерки и активности за откривање на нелегална сеча на дрва на подрачјето на ОВР Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани и полициски службеници од Шумска полиција, при контрола и преглед на патничко моторно возило ,,шкода фелиција“ без регистарски таблички, пронашле и одзеле буково огревно дрво, а лицето кое го управувало возилото избегало. Возилото и дрвата се одземени и предадени на Јавното претпријатие ,,Национални шуми“ – Подрачна единица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пронајдено телото на Здравко Димитров Даклето

ПО ОСУМ ДЕНА ОД ИСЧЕНУВАЊЕТО , ДЕНЕСКА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА ЗРНОВЦИ, Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ЗДРАВКО ДИМИТРОВ ДАКЛЕТО. САМИОТ СИ ГО ОДЗЕЛ ЖИВОТО СО БЕСЕЊЕ НА ДРВО ПОКРАЈ ПАТОТ КОН МОРОДВИС. Осмиот ден од исчезнувањето утрово е пронајдено телото на Здравко Димитров Даклето, кој исчезна минатиот петок, оддалечувајќи се од домот во непознат правец. Го пронашол случаен минувач. Кој го забележал обесен на дрво, преку патот над објектот на некогашниот дисперзиран погон на Индустријата Руен. Случајот е пријавевен во полиција, при што е извршен увид на лице место. Зрновјани…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Трагедија во Италија: загинале момчиња од Кочани и Виница

ОД ВЧЕРА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ КРУЖИ ВЕСТА ДЕКА ВО ИТАЛИЈА, ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНАЛЕ ДВЕ МОМЧИЊА, ЕДНОТО ОД КОЧАНИ, РОДЕНО 2004, А ДРУГОТО ОД ВИНИЦА РОДЕНО 2005 ГОДИНА. ВО ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈКА Е ПОВРЕДЕН И ТРЕТ СОПАТНИ ЧИЕ СЕМЕЈСТВО ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА. ДО ТРАГЕДИЈАТА ДОШЛО ПРИ СУДАР НА ПМВ И ТОВАРЕН КАМИОН. Според информации од социјалните мрежи, кои базираат на црковни извори, во градот Ница Монферати во Италија, се случилна страотна сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило и товарно возило, при што животот го загубиле две млади момчиња од Македонија,…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Teшко повреден кочанчанец, паднал од велосипед

На 21.08.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на патот брана ,,Градче”-Кочани, Р.Т.(57) од Кочани управувајќи  велосипед паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Мотоциклист од Кочани загина во сообраќајна несреќа

Педесетгодишен маж од Кочани загина во сообраќајна несреќа. Управувајќи мотор тој се судрил со патничко возило. „На 17.08.2022 во 19.15 часот пријавено е дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од С.Х.(50) од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од Кочани. По несреќата возачот на мотоциклот бил пренесен во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите“, соопшти МВР.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Малолетник со електричен тротинет е тешко повреден при судир со такси

Малолетник кој возел електричен тротинет е тешко повреден во сообраќајка во Кочани.  -На 16.08.2022 во 20.30 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Стево Теодосиевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило од такси служба и електричен тротинет управуван од малолетник од Кочани, информираа од МВР.  Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани. 

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Загина мотоциклист во сообраќајка кај Спанчево

На 11.08.2022 во 18.55 часот било пријавено дека на експресниот пат во изградба Кочани-Крупиште кај клучката за с.Спанчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од с.Спанчево и мопед “томос апн 6“ со кочански регистарски ознаки управуван од С.А.(71) од Кочани. По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Кочани за укажување на лекарска помош по што бил препратен во Клиничката болница во Штип каде починал. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската…

Прочитај повеќе