ПОЛИТИКА 

Кочани го доби првиот кандидат за градоначалник

Десетина дена по распишувањето на Локалните избори, закажани за 17-ти Октомври, граѓаните на Општина Кочани денеска го дознаа името на првиот официјален кандидат за градоначалник. Имено, ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери објавија дека ќе го трчаат изборниот круг на претстојните локални избори со кандидатот Љупчо Папазов. Практично од партијата го потврдија тоа што неофицијално беше соопштено уште пред дваесетина дена, а е резултат на убедливата предност на Папазов, на неколкуте анкети со граѓаните на Општина Кочани.. Љупчо Папазов е познат стопанственик во Кочани, чија работа датира од почетоците на пазарната…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се уредува зелениот пазар кај Автобуската станица

Бараките на тротоарот од левата страна на улицата „Тодосија Паунов“ се преместени, а просторот на старо-новото зелено пазарче кај Автобуската станица се уредува и добива нов лик. Нефункционалните бараки, како и натрупаниот отпад и ѓубрето се отстрануваат со цел до неодамна напуштениот простор максимално да биде корисен, а пешачките површини слободни за непречено движење. Градоначалникот Николчо Илијев смета дека содржините на овој потег од градот можат да бидат подобро организирани и распоредени, така што протокот на сообраќајот, а посебно движењето на пешаците по тротоарите да не биде отежнато или невозможно.…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Кој ги подели, кој ги доби ваучерите за одмор ?

Дали од 1250 ваучери од по 250 евра, за летување на државна сметка, навистина 701 завршиле кај граѓани на Чаир и Сарај, како што е објавено под псевдонимот „Шефот“, ќе остане тајна се додека не се огласи некој од надлежните. Меѓутоа, фактот дека таквите бројки кои ги револтираат граѓаните, особено на Истокот, и по неколку дена никој не ги демантира, јасно кажува дека веројатно не се работи за лажна вест. Уште почудно е што никој не коментира кои скопски општини и граѓани ги добиле преостанатите 550 ваучери, до 1250. Ако…

Прочитај повеќе
туризам 

При две газдарици-Пониква килава

Иако на Пониква денеска температурата се движеше околу 25 Целзиусови степени, а во градот околу 40, просторот во спортско-рекреативниот центар изгледаше празно и пусто. Само во угостителските објакти одредена посетеност, главно со гости од Скопје, Куманово и други градови. -Првпат сме на Пониква, вели Дијана од Велес, ама не сме воодушевени. Напротив, повеќе разочарани. Кога се симнавме на паркингот, прашавме каде може да прошетаме, пред да седнеме во некој од рестораните, за кои знаеме од интернет. Една постара жена ни рече, нема каде. Може кон Манастирот, ама по асфалт. Тргнавме…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Во Кочани регистрирани 5 новозаболени и 2 оздравени пациенти

Се зголемува бројот на новозаболени со КОВИД 19. За 24 часа во Кочани регистрирани 5 новозаболени и 2 оздравени пациенти. На ниво на држава од направените 9720 тестирања, регистрирани се 792 нови случаи од кои најмногу се од Скопје Регистрирани се и 104 оздравени пациенти и 10 починати.

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Отштети за каснувања од кучиња ги празнат буџетите на поедини општини

ПРОБЛЕМОТ СО КАСНУВАЊАТА ОД КУЧИЊА И ИСПЛАТАТА НА ОТШТЕТИ ВО ПОЕДИНИ ГРАДОВИ „ВРТИ“ ЗНАЧАЈНИ СРЕДСТВА, НА ИСТОКОТ Е НЕЗНАЧИТЕЛЕН. ВЕЛЕС ГОДИШНО ИСПЛАЌА ПО ДВА-ТРИ МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ВО КОЧАНСКО-ВИНИЧКИОТ РЕГИОН САМО ОДВРЕМЕ НАВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЈАВИ ПО НЕКОЈ СЛУЧАЈ, КОЈ СЕ РЕШАВА СУДСКИ ИЛИ СПОГОДБЕНО. Проблемите со кучињата скитници во поедини општини во државата полека но сигурно се претвораат во еден вид бизниси, особено во делот на нападите од незгрижените пријатели на луѓето, каснувањето и обештетувањата по тој основ. Граѓаните коментираат дека поединци намерно ги провоцираат кучињата да ги нападнат и…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Маркова Река опомена за Мала Река

ОТКАКО ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЈА ЗАТРУПАА МАРКОВА РЕКА, ЗАГРИЖЕНОСТА КАЈ ЛОКАЛНИТЕ АКТИВИСТИ ЗА СУДБИНАТА НА МАЛА РЕКА СЕ ЗГОЛЕМИ. ОВОЈ МЕСЕЦ СОВЕТОТ ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ, НА КОЈ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СЕ ИЗЈАСНАТ „ЗА“ ИЛИ „ПРОТИВ“ ГРАДЕЊЕТО НА МИНИЕНЕРГЕНСКИОТ КАПАЦИТЕТ Препукувањата помеѓу концесионерот и еколошките друштва околу Маркова Река, каде како последица на градежни активности, природниот амбиент бил драстично нарушен, по автоматизам ги алармира локалните активисти за уште поголема упорност во спротивставувањето за реализација на минихидроцентралата на Мала Река. Ако Маркова Река била комплетно затрупана со камења, карпи и земја…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Сообраќајна несреќа на раскрсницата кај Антура

Денеска околу 16 часот на крстосницата кај Антура се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа три моторни возила . Според првичните информации причинета е значителна материјална штета кај сите три возила, а увид на местото на несреќата изврши екипа од ПС Кочани. На местото на несреќата беа забележани и лица од Итна медицинска помош, но засегаа нема информации за какви повреди станува збор.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Статистиката едно, реалноста друго

НАМЕСТО ДА СИ ПРАВИ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА СО ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ, СИНДИКАТОТ МОЖЕ ДА ПРОШЕТА МЕЃУ РАБОТНИЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА И ДА ВИДИ КОЛКУ ТРОШАТ И ЗА ШТО, ОД ПЛАТИТЕ КОИ СЕ ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕЧНАТА. НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО ДОМАШНИ И СТРАНСКИ АНАЛИТИЧАРИ НАЈАВУВААТ НАГЛО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА. Над 100 евра е разликата помеѓу месечните трошоци на едно четиричлено семејство за основните потреби и просечната плата во државата. Во Сојузот на синдикатите на Македонија пресметале дека во јули на едно такво семејство му биле потребни 34.128 денари за да ги покрие основните месечни…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Многу кандидати за 19 столчиња во Советот

ЛЕВИЦА ЌЕ НАСТАПИ СО СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ ВО КОЧАНИ И ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, НАЈВЕРОЈАТНО И ИНТЕГРА, А ВО НАЈАВА СЕ И НАЈМАЛКУ ДВЕ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ. БИТКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЗАСЕГА БАРЕМ ЌЕ ЈА ВОДАТ ГЛАВНО СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. На претстојните локални избори за градоначалници и за советници во општинските совети, за првпат во Општина Кочани и регионот, ќе учествува партијата „Левица“. Од модераторот на локалниот огранок во Кочани, Жаклина Филипова Свеќароска,  дознаваме дека на овие избори партијата нема да исфрли кандидат за градоначалник, но ќе одат со листа за советници. Покрај во Кочани,…

Прочитај повеќе