РЕГИОН 

Државата „заборави“ на општините од истокот

Откако државата имаше поважни работи од проблемите што ги предизвикаа поплавите на истокот, на иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, беше одржан координативен состанок со градоначалниците од регионот. Еве за што се зборувало: – Најнапред се договоривме да формираме кризни штабови, од регионален и општински карактер, потоа го утврдивме оперативниот план со кој се мапираа критичните точки, кои беа на удар од поплавите и ги утврдивме ресурсите со кои располагаме, расположлива опрема и човечки потенцијал. На крајот донесовме заклучок дека треба да се формира комисија за проценка на…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Ловџиите ќе се испотепаат

Веста дека шеесет и четиригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во с. Горна Матка е уште еден несреќен случај со трагичен епилог. „Убиецот“ Р.К. сам го пријавил делото во Полициската станица Сарај, објаснувајќи дека му се присторило оти е дива свиња, по што полицијата го уапсила. Застреланиот С. Ј. е 46 годишен жител од с. Матка, Скопско. Пред десетина дена дива свиња усмртила педесегодишен ловџија во Долнодисанско. Пред два месеца повторно трагичен случај во кој ловџија застрелал и усмртил друг ловџија. Очигледно хаосот…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Кочански шпекулации – Илијев дел од новата Влада !???

Додека СДСМ на централно ниво го тресат оставки од функции на долгогодишни истакнати членови, како Радмила Шекеринска и Венко Филипче, во кочански кругови се почесто се зборува дека екс-градоначалникот Николчо Илијев ќе биде дел од новата Влада на Димитар Ковачевски. Наводно за Илијев била резервирана министерската фотеља во Министерството за транспорт и врски, со кое сега раководи штипјанецот Благој Бочварски. Тоа што во шпекулациите во политичките кругови засега е нелогично, е фактот дека со Владата на заминување заминуваат и негови докажани пријатели, па доколку стане министер, ќе ја нема неопходната…

Прочитај повеќе
туризам 

„Пониква“ снежна и пожелна

Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, придружуван од директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов беа во посета на Пониква, каде се сретнаа со концесионерот кој стопанисува со ски-лифтовите и механизацијата, за на лице место анализираат што е направено и што се прави за успешен старт на скијачката сезона. Снежната покривка на Осоговските Планини по автоматизам го зголеми интересот кај љубителите на зимските спортови и на рекреативците да го посетат спортско-рекреативниот центар Пониква. Согледувајќи ја ваквата ситуација, Општина Кочани се погрижи туристите да можат да ја посетат Пониква во што…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Инвестиции на Запад, а на Исток …?

АКО ДРЖАВАТА КРОИ АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА ЈАБЛАНИЦА, БУШАВА ПЛАНИНА И КАРАЏИЦА, ЛОЦИРАНИ ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА, РЕДНО Е ДА ГИ ЗЕМЕ ВО ПРЕДВИД И ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР НА ЦАРЕВ ВРВ. ОСОБЕНО ПОРАДИ ЗАЛОЖБИТЕ ЗА РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ. СПОРЕД ПРОЦЕНКИТЕ ЗА ЦАРЕВ ВРВ СЕ ПОТРЕБНИ СТОТИНА МИЛИОНИ ЕВРА, А ЗА ОВИЕ ТРИ ОКОЛУ 800 МИЛИОНИ ЕВРА. Најавите дека на Јабланица кај Струга и Вевчани, на Бушава планина кај Крушево и Македонски Брод, и на Караџица кај Сопипште и Студеничани се планирани да…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Известување за земјено – градежни електромонтажни работи на улица „Стево Теодосиевски„

Во недела, 19.12.2021г. во период од 09 – 16 ч. на улица „Стево Теодосиевски“ заради дислокација на ЕЕ инсталации ќе се изведуваат земјено – градежни и електромонтажни работи од Електродистрибуција ДООЕЛ, КЕЦ Кочани. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот за зголемено внимание и претпазливост, по можност користење на други сообраќајници.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Транспортирале мртовец, доживеале сообраќајка

Денеска околу пладне, на обиколницата кај Кочани се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две моторни возила, едното со регистарски таблички од Делчево, а другото од Германија. Се работи за возила марка Форд и КИА, кои се судриле на магистралниот пат, при што со тешки телесни повреди се здобиле две лица, кои се пренесени во медицинските установи. Актуелности .мк, дознава дека возилото со делчевски регистарски таблички всушност било сопственост на правно лице за погребални услуги, во кое се транспортирал ковчег со починато лице. По извршениот увид, ковчегот бил префрлен во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Апел кон сопствениците на дуќаните да се придржуваат кон законската обврска за чистење на снегот пред сопствените објекти

И покрај снегот кој вчеравечер го зафати кочанскиот регион и непрекинато вее, главните сообраќајници во градот се проодни и сообраќајот се одвива непречено. Од КЈП „Водовод“ – Кочани известуваат дека будно ја следат ситуацијата со временската прогноза и имаат постојани дежурни и активни екипи. За расчистување на патиштата при вакви зимски услови располагаат со соодветна механизација, а располагаат и со голема количина сол. Исто така упатуваат апел и потсетување за сопствениците на дуќаните да се придржуваат кон законската обврска за чистење на снегот пред сопствените објекти, бидејќи со Законот за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Граѓаните изнесоа свои предлози и идеи по нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2022 година

Во петокот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Општина Кочани организираше јавна расправа по нацрт-буџетот за 2022 година. Во присуство на граѓани, претставници на здруженија, клубови и институции, општинските служби ги презентираа буџетските проекции преку повеќе програми. Интересот на граѓаните беше насочен кон прашања од различни области што се во надлежност на локалната самоуправа: за организирањето и развојот на Кочани како културен центар на Истокот; искористувањето на геотермалните води и урбанистичкото планирање; решавањето на проблемот со паркирањето преку изградба на катна гаража, но и воопшто за сообраќајни проблеми и…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Слога 1934 поразена за делба на првото место

СО ПОРАЗОТ ВО СТРУМИЦА „СЛОГА 1934“ ЈА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА НА ДЕЛБА НА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА СО ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА, ШТО Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ УСПЕСИ НА КЛУБОТ. ДУЕЛОТ ДЕТОНИТ – ОСОГОВО ОДЛОЖЕН ЗА 14 ДЕКЕМВРИ По вториот едноподруго пораз на гостински терен, овој пат од Беласица во Струмица екипата на Слога 1934 ја расипа брилијантната серија во есенската полусезона на Втората лига Исток, и ја загуби лидерската позиција на табелата. Но виничани нема зошто да тагуваат, бидејќи во изминатата полусезона остварија еден од најголемите успеси на клубот. Особено поради фактот дека клубот…

Прочитај повеќе