МАКЕДОНИЈА 

Лов на свињи од 1-ви септември, ама без Кочани, Виница …

НАДЛЕЖНИТЕ ОДЛУЧИЈА ЛОВЦИТЕ ВО ЦЕЛА ДРЖАВА ДА ТРГНАТ ВО ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ, КАКО МЕРКА ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА АФРИКАНСКАТА ЧУМА. ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ Е ПРИСУТНА БОЛЕСТА, КОЧАНИ, ВИНИЦА, ДЕЛЧЕВО И МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, НЕМА ДА СЕ ЛОВИ. ЛОВЦИТЕ СЕ ЧУДАТ КОЈА Е ЛОГИКАТА. Од 1-ви септември сите во лов на диви свињи, освен ловците од Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево. Концесионерите освен ловци треба да обезбедат присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина. Ловците велат, ај да го видиме и тој циркуз како ќе функционира на…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм во Ниш, Србија

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани во периодот од 18 до 22 Јули, беа учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм. Станува збор за работилница за цртан филм во скоп на Одделението за книги за деца, Народна библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш, Р. Србија, кадешто учениците изработија анимиран филм на хумористичната народна песна „Медведова женидба“. На работилницата освен учесниците од Македонија, учествуваа ученици и од Србија и Република Српска – Босна, под менторство на професори за цртање од Србија, Бугарија и Словачка. Учениците од ОУ „Раде Кратовче“, учесници…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Логична нелогичност. Колку повеќе нашите штедат, толку повеќе за Албанските градоначалници

Добар пример е тоа што Муцунски не потрошил ниту денар за репрезентација од општинските пари. Добро беше и кога Илијев не потроши ни денар од парите на граѓаните на Општина Кочани, за репрезентација. Како и уште неколку други градоначалници Македонци во своите општини. Но, не е добро што ниту еден градоначалник Албанец, не се пофалил со штедливо работењсе. Напротив, Теута делела пари „и капом и шаком“, Мерко во Струга арчел на луксузи, Груби од друга позиција се забавува на државна сметка… И на крај, кој е паметниот. Дали тие 20…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Близу 1000 пензионери на Пониква

НА НАДМОРСКА ВИСОЧИНА ОД 1500 МЕТРИ БЛИЗУ 1000 ПЕНЗИОНЕРИ ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА БЕА ДЕЛ ОД 14-ОТ СОБИР КОЈ СЕ ОДРЖА НА ПОНИКВА, НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ. ПОКРАЈ ОБРАЌАЊАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗП КОЧАНИ, ЃОРЃИ СЕРАФИМОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СТАНКА ТРАЈКОВА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ, ПЕНЗИОНЕРИТЕ УЖИВАА ВО УБАВА МУЗИКА И ПЕСНИ, КАКО И ВО ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ НА ОСОГОВИЕТО. Здружението на пензионери на Општина Кочани на 13 август, на Пониква, го организираше 14-от Собир на пензионерите од Република Македонија под покровителство на Општина Кочани. Дури 25 пензионерски друштва од целата држава се одзваа на…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Во полициска акција санкционирани 28 возачи од Кочани

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кочани за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 28 возачи, од кои девет за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во…

Прочитај повеќе
Uncategorized МАКЕДОНИЈА 

Стразбур ја прифати апликацијата на Ратко Димитровски за Поштенска Банка

Апликацијата до Европскиот суд за човекови права, поднесена од обвинетиот Ратко Димитровски за случајот „Поштенска банка”, преку адвокатот Петро Јанура, е прифатена. Таа успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност. Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. – Апликацијата е поднесена во врска со поднесениот обвинителен акт, кој беше крајно неоснован. Уште од моментот на отворањето на случајот па до денес, во континуитет се вршат флагрантни повреди на моите права. По поднесувањето на обвинението, беа вложени сериозни приговори кои укажуваа дека обвинителниот акт е поднесен без…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Цените ги дигнаа и сечачите и цепачите

КАКО СКАПНАА БУКАТА И ДАБОТ, ТАКА ПОСКАПЕ И СЕЧЕЊТО НА ДРВАТА, МАШИНСКО И СО СЕКИРА. АКО ЛАНИ СЕЧЕЊЕТО ЧИНЕШЕ 120 ДЕНАРИ ЗА МЕТАР ПРОСТОРЕН, СЕГА ЧИНИ 200 ДЕНАРИ. И ЦЕПАЧИТЕ СЕ ВО ТРЕНД НА ПОСКАПУВАЊЕ, ИАКО НЕМААТ ДИРЕКТНО ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ. ЗА ИСЦЕПЕН КУБИК, НАПЛАЌААТ ПО 150 ДЕНАРИ. Иако некои ги третираат како споредни трошоци, сепак во цената на огревното дрво треба да се вкалкулираат и транспортот, машинското сечење, како и цепењето, па дури и складирањето. Синџирот и во оваа сфера е нераскинлив, па транспортот веќе е со повисока цена од…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Маржата ограничена, дрвата „папрени“

ВО ВРЕМЕ КОГА НА ПАЗАРОТ НА ОГРЕВНО ДРВО И ПЕЛЕТИ ТРГОВЦИТЕ ПРАВАТ ШТО САКААТ И ПРЕДИЗВИКУВААТ ЦЕНОВЕН ХАОС, ВЛАДАТА ОДЛУЧИ ДА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА НАЈМНОГУ ДО 10%. КАКО ТОА ЌЕ ФУНКЦИОНИРА НА ПАЗАРОТ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ. ДАЛИ ЦЕНИТЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ, ИСТО ТАКА НИКОЈ НЕ ЗНАЕ. Трговската маржа за огревното дрво и пелети се ограничува до 10%, одмлучи Владата на денешната седница, а по предлог на Министерството за економија. Со оваа мерка се очекува да се уедначат цените на мало на овие енергенси. Меѓутоа засега не се соопштува што конкретно…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

За тениските терени нема одговорен

ПОЈАВАТА НА ТРЕВА НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ Е ПОСЛЕДИЦА НА ПОПЛАВИТЕ ОД ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ, ВЕЛАТ ПОЗНАВАЧИТЕ НА СОСТОЈБИТЕ. КОМПАНИЈАТА КОЈА СТОПАНИСУВА СО СРЦ „ВОДИК“ ГИ НЕМА ВО НАДЛЕЖНОСТ И ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ, МЕЃУТОА КАКО ПООДРШКА НА ТЕНИСКИОТ СПОРТ ИЗДВОЈУВА СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА ЗА КОМПЛЕКСОТ ДА ФУНКЦИОНИРА. МОЖЕ ЛИ ОПШТИНАТА ТУКА ДА ПОТТИКНЕ ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ? По објавувањето на снимките и прилогот за состојбата со тениските терени во СРЦ „Аква Тен“ кои ги обраснува трева, се јавија со реакции од повеќе засегнати страни. Од разговорите со повиканите дознавме дека компанијата која стопанисува со центарот,…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Третолигашите стартуваат на 4-ти септември

ОД СВЕТИ НИКОЛЕ, ПРЕКУ БЕРОВО И ДЕЛЧЕВО, ДО БОГДАНЦИ ЌЕ СЕ ПРОТЕГА ТРЕТАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ВО НОВОТО ПРВЕНСТВО КОЕ ЗАПОЧНУВА НА 4.СЕПТЕМВРИ. ВО НЕГО ЌЕ УЧЕСТВУВААТ 12 ЕКИПИ КОИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА НАЈВИСОК ПЛАСМАН И ВЛЕЗ ВО ВТОРАТА ЛИГА. Дванаесет клубови од југоисточниот дел на државата, на 4, септември, годинава, ќе го започнат новото фудбалско првенство. Тоа е договорено на средбата на претставниците на клубовите, што деновиве се одржа во Штип, а во организација на Општинскиот фудбалски сојуз на Кочани. Притоа е утврдено дека котизацијата, од која клубовите 60%…

Прочитај повеќе