ОПШТИНА КОЧАНИ 

Величествено зажнејување на оризот во Мојанци

И третиот завршен ден од Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ им приреди убави доживувања, како на гостите, така и на граѓаните на Општина Кочани и регионот, и пред се на жителите на Мојанци, кои беа кадарни да пречекаат амбасадори и претставници на амбасади, како и голем број гости. Традицијата на зажнејувањето и на вршидбата ја видоа стотици гости, некои за прв пат, наградувајќи ги со спонтани аплаузи жетварите во народна носија, кои со српови фаќаа ракатки и правеа снопови, кои потоа се пренесуваат на вршење со коњско трчање во круг…

Прочитај повеќе
Uncategorized СПОРТ 

По првата домашна, прва и гостинска победа

„Осогово“ – „Новаци“ 2:1 полувреме 1:0. Победа која им ги разгали срцата на љубителите на фудбалот во Кочани, токму во време кога сите се посомневаа во можностите на оваа млада и неискусна екипа. Тоа што го започнаа против Беласица, кога ја совладаа со 3:1, „жолто-сини“ го продолжија и против Новаци, борба за секоја топка. „Осогово“ поведе во во 30’ со голот на Драган Паунов, кој го искористи одличното проигрување од Тоше Манов и биеше присебно и прецизно за голема радост. Половина час подоцна од натпреварот, повторно убав пробив на Тоше…

Прочитај повеќе