ОПШТИНА КОЧАНИ 

Обука на општинскиот тим на попишувачи на недвижен имот 

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска одржа обука за граѓани на Кочани што се пријавиле да учествуваат во ажурирањето на базата на данокот на имот во општина Кочани.  Според  Ирина Поцкова, консултантка на Проектот на УСАИД, целта на обуката е учесниците да се запознаат со Законот за данок на имот, со посебен акцент на последните законски измени.  Обуката овозможува градење капацитети во општината за ефикасно спроведување на теренски активности за идентификација на недвижниот имот и ажурирање на базата на податоци на недвижен имот преку дефинирање чекори…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ

Почитувани сограѓани, Од мое лично име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание. Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода. Честит празник!

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се асфалтира улицата „Даниел Стефанов“ во Долни Подлог

Во тек е асфалтирањето на улицата „Даниел Стефанов“ во селото Долни Подлог. Вкупната должина на улицата е 370 м, а ширината е од 3 до 4 метри. На делови од улицата се поставени два цевковода за канализирање на површинската вода. Изведувач на работите е градежната фирма „Коле транс“, а за изградбата на оваа улица се наменети 2.100.000 денари, средства од општинскиот буџет.

Прочитај повеќе