ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пензионерите најавуваат порадикални протести

Уште еден во низата протести на пензионерите од Кочани, кои се незадоволни од ниските пензии и игнорантскиот однос на министерството за труд и социјала, се одржа синоќа во Паркот на револуцијата во Кочани. Пензионерите со транспаренти побараа поддршка од Здружението на пензионери, чии членови се, и ги повторија барањата за линеарно зголемување на пензиите од 5000 денари и определување минимална пензија од 18.000 денари. Членот на Иницијативниот одбор, Моне Горгиев, ги информираше пензионерите дека на состанокот во Неготино е договорено формирање Здружение на пензионерите кои протестираат, како и во иднина…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација

На свеченоста во Градскиот парк во Кочани, првачињата од основните училишта од Кочани станаа членови на најмасовната меѓународна организација – Детската организација.  Учениците од повисоките одделенија од основните училишта од Кочани на првачињата им приредија забавна програма, посакувајќи им добредојде во Детската организација, а најмалите ученици ги поздрави и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.  Традиционално, приемот на децата во Детската организација се реализира првата седмица од октомври, која е прогласена и за Недела на детето во сите држави членки на ООН, а годинава се реализира под мотото „Јас и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Професори од градежниот факултет ја посетија Станицата за отпадни води

По повод одбележувањето на роденденот и 75-годишнината од основањето на Градежниот факултет во Скопје, актуелни и пензионирани професори, асистенти и студенти, заедно со деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски, денеска ја посетија Станицата за третман на отпадни води во Мојанци. Пречистителната станица во Мојанци претставува  еден од поновите капитални проекти во кои Градежниот факултет дал свој придонес. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги поздрави гостите, кои пак искажаа подготвеност за поддршка на Општина Кочани во реализацијата и на други проекти.

Прочитај повеќе