ОПШТИНА КОЧАНИ 

Центар за јавно здравје Кочани со информација за имунизацијата против сезонски грип

Директорот на ЦЈЗ Кочани,Гоце Серафимов денеска излезе со соопштение до граѓаните на општината дека во тек е имунуизација поротив сезонски грип. Обезбедени се четворовалентни  вакцини Инфлувац тетра кои делуват кон доминатините подтипови на грип од претходните сезони.  Пријавувањето е исклучиво преку порталот  вакцинација.мк кој генерира термин во одреден пункт.. И оваа година со програмата е опфатена бесплатна имунизација на стари лица над 65 години, деца, трудници и пациенти со хронични заболувања . Ве молиме придржувајте се кон  термините со што ке се избегне непотребна гужва во нашите  амбуланти.  Покрај бесплатните …

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани беше домаќин на 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија

Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, во петокот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија. Златна плакета во категоријата документарен филм и Златна плакета за монтажа доби филмот „Трпејца“ на авторот Томе Љушев од Охрид; Златна плакета за краток игран филм и за сценарио доби филмот „Ти можеш“ на Марјан Беџоски и Никола  Димески од Прилеп;  Златна плакета за експериментален филм доби филмот „Трка против времето“ од авторот Кристијан Божиновски од Ресен; Златна плакета…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Денеска Амфенол слави 10 години успеси

Амфенол денеска слави на само нему своиствен начин. Заокружена е првата декада од неверојатно успешен развој, кој ја издигна компанијата во самиот врв на македонското стопанство. Во таква атмосфера, продолжуваат и планираните активности кои денеска ќе кулминираат. За 11 часот е закажана забавата за најмалите, со настап на дечињата од КДУ „Павлина Вељанова“ и ОМУ „Ристо Јуруков“. За во 12 часот е закажано обраќањето на директорот Сашко Наков, а потоа доделување на Благодарници и награди на вработени кои наполниле 5 години работа во Амфенол. Одбележувањето на десетгодишнината во вечерните часови…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ОФС Кочани додели фудбалски топки за Трета фудбалска лига-Исток

Во просториите на ОФС-Кочани председателот Александар Андов, секретарот Столе Тошев и спортскиот работник Драганчо Димитровски како членови на сојузот кој ја предводи Третата фудбалска лига Исток на екипите од Третата фудбалска лига Исток им доделивме по 20 (дваесет) фудбалски топки се со цел да им помогнеме на екипите кои се натпреваруваат во сезоната 2023/24 во ТФЛИ. Голема благодарност до Фудбалска Федерација на Македонија што ни го одобри барањето и со ова покажа дека се грижи за сите свои членки поденакво.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Amphenol Tehnology Macedonia Ве поканува на прослава по повод 10 години од формирањето на компанијата

Amphenol Tehnology Macedonia Ве поканува на прослава по повод 10 години од формирањето на компанијата на 23 октомври со почеток во 19:30 часот во Градскиот парк во Кочани.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На јавна расправа граѓаните на Кочани даваа предлози за креирање на Буџетот за 2024 година

Синоќа, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, се одржа јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година. На консултативната средба, граѓани, претставници на урбаните и месните заедници, членови на Советот на Општина Кочани, претставници на бизнис-секторот говореа за потреби за реализација на инфраструктурни проекти: водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта и улици, јавно осветлување. Исто така се предлагаа и проекти и активности од областа на културата, противпожарната заштита и од други надлежности на единицата на локалната самоуправа определени со закон. Градоначалникот на Општина Кочани…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Воводод„ со повик за промена и инсталирање водомери

Во рамките на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани”, КЈП “Водовод” ги повикува сите заинтересирани граѓани кои потекнуваат од семејства од социјален ризик да се пријават во “Центарот за корисници” на ул. “Д-р Николиќ” бр.64 за промена или инсталирање на водомер на локации на нивното место на живеење. Врз основа на Одлука од страна на Управниот Одбор на КЈП “Водовод” е предвидено, почнувајќи од 15.10 а до 15.11. 2023 година на индивидуалните корисници кои се бесправно поврзани…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Обука на општинскиот тим на попишувачи на недвижен имот 

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска одржа обука за граѓани на Кочани што се пријавиле да учествуваат во ажурирањето на базата на данокот на имот во општина Кочани.  Според  Ирина Поцкова, консултантка на Проектот на УСАИД, целта на обуката е учесниците да се запознаат со Законот за данок на имот, со посебен акцент на последните законски измени.  Обуката овозможува градење капацитети во општината за ефикасно спроведување на теренски активности за идентификација на недвижниот имот и ажурирање на базата на податоци на недвижен имот преку дефинирање чекори…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ

Почитувани сограѓани, Од мое лично име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание. Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода. Честит празник!

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се асфалтира улицата „Даниел Стефанов“ во Долни Подлог

Во тек е асфалтирањето на улицата „Даниел Стефанов“ во селото Долни Подлог. Вкупната должина на улицата е 370 м, а ширината е од 3 до 4 метри. На делови од улицата се поставени два цевковода за канализирање на површинската вода. Изведувач на работите е градежната фирма „Коле транс“, а за изградбата на оваа улица се наменети 2.100.000 денари, средства од општинскиот буџет.

Прочитај повеќе