ОПШТИНА КОЧАНИ 

Уредување на кејот на реката Масалница во централниот дел на Оризари

Деновиве се работи на расчистување и уредување на дел од коритото на реката Масалница, во Оризари. Јужно од мостот на Масалница, во централниот дел на Оризари  со механизација се чисти коритото од обраснатата вегетација.  Активностите што ги реализира Општина Кочани се совпаѓаат со тековните работи за  продолжување на кејската улица од десната страна по течението на Масалница.  Придонес кон што поцелосно средување на кејот на Масалница даваат и екипите на Градско зеленило од КЈП „Водовод“, кои претходната седмица спроведоа активности за косење на зелени површини во речното корито. 

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Акција за чистење на околината на Спомен-домот „АСНОМ“

На 16 септември, Меѓународниот ден за чистење на планетата, КЈП „Водовод“ – Кочани, Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, спроведоа акција чија цел е да  се влијае на подигањето на свеста за потребата од чиста животна средина.  Вработени од секторот Градско зеленило од „Водовод“ со механизација ја косеа обраснатата вегетација на локацијата околу Спомен-домот „АСНОМ“, а вработени од Комунална хигиена собраа и  изнесоа околу 11 метри кубни различен вид отпад.  Во акцијата се вклучија ученици од СОУ „Љупчо Сантов“, раководени од професорката Ирена Димитрова Јорданова, прибирајќи отпадоци расфрлани…

Прочитај повеќе