ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови садници покрај тротоарите и во парковите

Деновиве се озеленуваат нови површини во централното градско подрачје на Кочани. Се засадуваат нови садници од видовите јасен, јавор, липа, црвена слива и платан покрај тротоарите по неколку улици, како и на повеќе парковски површини.    Општина Кочани апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не ги оштетуваат новите садници и останатата високостеблеста вегетација.

Прочитај повеќе
КОРИСНО 

Детско игралиште во Грдовци

Во непосредна близина на Подрачното училиште „Никола Карев“ во Грдовци, Општина Кочани во соработка со службите од КЈП „Водовод“, оформи детско игралиште. Поставени се реквизити за игра, хортикултурно е уредена околината и се засадени високостеблести дрвца. Уредувањето на овој простор претставува нова корисна содржина наменета за најмладите од Грдовци.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Утре,митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и трибина за младите

Почитувани, медиуми, почитувани сограѓани Изминативе 7 и пол години се можеби најтешките години за Македонија. Порази на секој чекор, понижување на меѓународен план и дома, инфлацијата го изеде и онака нискиот стандард, учениците ни учат без учебници, болните се лечат без лекови, правда никаде… Наместо претседател, имавме статист, човек кој секојдневно си противречеше сам на себе и наместо став добивавме само констатации. Ветуваа живот, а донесоа само корупција, криминал, сиромаштија и неправда. Доста беше, одсега бираме иднина каква што заслужуваме. Иднина која што треба да биде горда. Гордана Силјановска Давкова…

Прочитај повеќе