ОПШТИНА КОЧАНИ 

Вселени првите лопатари во ЛР „Полаки“

Со три елени лопатари, набавени од Ловниот резерват кај Гевгелија, одговорните во Ловиштето „Полаки“ на Осоговските Планини, го започнаа населувањето со трофеен дивеч на оваа некогаш најатрактивна дестинација за ловците од државата и надвор од неа. Набавката на елени лопатари ќе оди етапно, како ќе се заловуваат во тамошното ловиште, кое покрај кочанското обезбедува елени и за други резеравти. Истовремено се договара набавка и на горски елени, кои треба да бидат увезени од Бугарија, со што речиси празниот кочански резерват ќе започне да се развива во збогатувањето со високотрофеен дивеч,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

Ловците од Виница успешни и со полезниот и со штетниот дивеч

Дека ЛЗ „Бел Камен“ од Виница е едно од најорганизираните во државата, зборуваат резултатите кои ловците ги остваруваат во тековната ловна сезона. Изминатиот викен група ловци кои биле во лов на диви свињи, успеале да одстрелаат и два волка на планината Плачковица и да придонесат за намалување на бројот на овие предатори кои го напаѓаат добитокот. Одговорните во ЛЗ „Бел Камен“ истакнуваат дека само во оваа ловна сезона се одстрелани десетина волци, меѓу кои и капиталци, со што се дава голем придонес во заштитата на стадата во подплачковичките села. Покрај…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Годинава ќе се пошумат 22,5 ха голини

Според информацијата на Подрачната единица Осогово, на Македонски шуми, со пошумување и заштита од ерозија на подрачјето што го покрива, во текот на 2021 година на ридско-планинските терени на Осогово и Плачковица, ќе бидат пошумени вкупно дваесетина хектари. Конкретно на Плачковица во месноста Мородвиска шума – Шипковица ќе се пошумат 5 хектари, а на Орница 6,5 хектари. Од голините на Осоговието се планира пошумување кај месноста Јамиште, на вкупно 11 хектари. Во информацијата доставена до Советот на Општина Кочани, не се прецизира со кој вид на садници ќе се засадуваат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се отвора простор за подготвителни градежни активности за втората коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“

Во саботата, на 23 јануари, беше урната уште една од старите градби на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани. На просторот којшто е предмет на експропријација, во близина на Спортската сала, веќе се создаваат услови за почеток на дел од градежните активности што ќе претставуваат подготовка за изградба на новата сообраќајна лента од Двојниот мост до крстосницата во Стришани.Со овие суштински промени,Општина Кочани има за цел да ја подобри   сообраќајната циркулација во централното градско подрачје, кое пак, ќе добие урбан лик. Заради олеснето движење на возилата, наскоро ќе почне изградбата на…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

8 новозаразени и 4 оздравени пациенти

Министерството за здравство денеска објави дека во Кочани се регистрирани 8 новозаболени и 4 оздравени пациенти. До денеска бројот на активни случаи заразени со ковид 19 во Кочани е 118. Во Виница е регистрирани 1 новозаразен пациент , а бројот на активни случаи во Виница е 45. Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид 19. Институтот за јавно здравје регистрираше 378 оздравени пациенти, а за едно деноноќие се починати 11 лица.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ : Николчо Илијев и Наумче Мојсоски ја манипулираат јавноста

Доаѓањето на Директорот на Агенцијата за млади и спорт во Кочани и сликањето со него не гради спортски сали. Во минатото ВМРО -ДПМНЕ беше државотворната партија која градеше во Кочани. Ако навистина имате фокус кон реална политика и реални проекти, Централната власт пред само месец време ќе ја подржеше иницијативата на нашата Комисија за спорт која преку пратеникот Миле Лефков предложи амандман да се обезбедат средства во висина од 40.000.000 денари за изградба на спортска сала во ОУ ,,Раде Кратовче”. А вие, Г-дин Градоначалник можевте да го искористите вашето политичко…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Пајпер Мил не работи, Кочани со 93.3199 мг/к3 ПМ 10 честички загаденост

Утрово над Кочани и Кочанската Котлина се формира слој од чад, кој сведочи за загаденоста на амбиенталниот воздух. Тоа го потврдува и апликацијата која го мери квалитетот на водзухот во државава, на која утрово стои дека концентрацијата на ПМ 10 честичките изнесува 93.3199 мг на кубен метар, што е далеку над дозволената граница, и знакот е обоен во темно жолта боја која покажува висока загаденост. Ако сето тоа се случува во период кога капацитетите на Пајпер Мил, кој беше посочуван за главен загадувач, не работат, а од оџакот на излегува…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Што разговараа и договорија Мојсоски и Илијев?

Кусата и штура информација за денешната средба на градоначалникот Николчо Илијев и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, која беше лиферувана до медиумите, е уште една потврда дека новинарите и медиумите им се потребни и на функционерите и на граѓаните. Од разговорот во четири очи, ниту претставниците на седмата сила, ниту спортистите и спортските работници, ниту јавноста добија јасна претстава што конкретно е разговарано а што договорено. На пример за какви спортски објекти се работи, за кои спортски дисциплини, на кои локации од градот и општината, на…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Пејпер мил ги задржува 120-те вработени

Пејпер Мил од Кочани информира дека по правни консултации, а според Законот за работни односи, донесе одлука за статусот на 120-те вработени во фабриката.Во наредните два месеци вработените ќе добиваат 70% од платата иредовно ќе им бидат плаќанипридонеси за целиот период додека не одат на работа, заради привремениот прекин на работењето на фабриката. Од компанијата денес ги информирале вработените и за можноста за рестартирање на фабриката во април оваа година, кога тие повторно би се вратиле на редовна работа. Минатата недела управата на Пејпер Мил донесе одлука да го прекине…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот Илијев оствари средба со Наумче Мојсоски

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оствари работна средба  со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски. Илијев и Мојсоски разговараа за потребите и можностите за инвестиции во спортски објекти и реализација на спортски манифестации во Кочани. –Кочани има потреба од нови спортски капацитети, па со директорот на Агенцијата направивме кратка анализа на состојбите и потенцијалите и од двете страни: на  нашите  потреби, но и урбанистичките планови како основа за градење и на можностите на државата за поддршка на нови спортски објекти – соопшти по средбата градоначалникот Илијев.…

Прочитај повеќе