МАКЕДОНИЈА 

Кога власта фаворизира медиуми …

Дека ниту членот 102 има некаква суштинска улога во независноста на медиумите и дека не ги прави помалку зависни новинарите од влијанието на политичарите потврдува последното искуство со Македонската делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која деновиве престојуваше во Рим, на одбележувањето на 24ти мај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Имено во рамки на посетата селективно присутни биле новинари и медиумски работници само на неколку одбрани медиуми за да известуваат за настанот. На тоа реагираше и ЗНМ, со соопштение во кое за изборот на овие приватни медиуми, кој…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Утре започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фетивал во Кочани

Со прес конференција , закажана за утре 23 мај во Градскиот парк во Кочани,започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фестивал. По официјалната прес конференција итсиот ден во 20 часот фестивалот свечено ке биде отворен со претставата „Самоубиство во одбрана „ од Алтернативниот театар  „Отпишани„ од Скопје, а веднаш по претставата следува музичка програма со  Light show и DJ Pancho. Вториот ден од ДАФ  , вторник во 12 часот ке се одржи претставата за деца „Приказна за волшебната шума„ во изведба на театарот од Кавадарци, а во вечерниот термин е претставата…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одбележан 20 мај – денот на пожарникарите

Денеска по повод 20 мај, денот на македонските пожарникари, ТППЕ Кочани го одбележа денот во кругот на Територијалната противпожарна единица. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги поздрави припадниците на ТППЕ Кочани и Доброволното противпожарно друштво, им го честита празникот и ја истакна благодарноста кон нивната хумана работа. Во склоп на денешниот празник на пожарникарите, градоначалникот додели признание за најуспешен пожарникар за 2021 година, кое му припадна на Дејанчо Арсов, додека на претседателот на Доброволното противпожарно друштво Златко Илијев му го врачи Меморандумот за соработка меѓу Доброволното противпожарно друштво и…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

На 20 и 21 мај – концерти на „Пијано трио“ во Кочани и во Виница

В петок и сабота, на 20 и 21 мај „Пијано трио“ ќе одржи концерти во Кочани и во Виница. Тројцата академски музичари Диана Мирчевска (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Иван Трајковски (пијано) ќе изведат атрактивни дела од Дмитриј Шостакович и Астор Пјацола. – Публиката ќе има можност да ги слушне „Пет дела за две виолини и пијано“ и помалку познатата нежна страна на Шостакович: оваа музика е убава и директна – радосна и тажна за возврат, но неизречена од стравот и гневот, очигледни во многу други негови дела. Ќе го изведеме…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 23 мај во Кочанско – ларвициден и третман од земја за заштита од комарци

В понеделник, на 23 мај 2022 година во Кочани ќе се спроведе првиот ларвициден третман против комарци. Третирањето ќе се врши по течението на Кочанска Река, од градот кон браната Гратче, потоа низводно од градот и на локации со застојани води, на вкупна површина од 6 хектари. Вечерта, од 20 ч. до 1 ч. по полноќ, ќе се изврши и терестичкото третирање – прскање против комарци од земја, на површина од 300 хектарина подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третманите против…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Си замина Киро Герасимов (1951-2022)

IN MEMORIAM Вчера, по долга борба со болеста, во 71-та година од животот, почина легендата на кочанското и Македонското новинарство, Киро Герасимов. Неговиот препознатлив глас и префинета дикција со децении ги информираа граѓаните во државата, како неприкосновен хроничар на настаните во неговото Кочани, регионот и пошироко. Работниот стаж го помина во МРТВ, како дописник на Македонската Телевизија, но неговите прилози и неговиот глас се слушаа и на Македонското Радио. Соработуваше и со Радио Кочани, подоцна и со Телевизија Кочани, а се втемели и во првата приватна телевизија во регионот, ТРД…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот на Крањ во Кочани

Градоначалникот на Општина Крањ, Република Словенија Матјаж Раковец и заменик-градоначалникот Јанез Черне остварија работна посета на Општина Кочани, во рамките на која во општинската зграда се сретнаа со градоначалникот Љупчо Папазов. Притоа Папазов ги презентираше природните ресурси, економски потенцијали, како и природните и културни богатства со кои располага општината. Во рамките на престојот, делегацијата од Р. Словенија беше во посета на кочански локални фирми, со цел запознавање со работата на бизнис секторот во општината. Посета беше извршена и на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци, Геотермалниот систем –…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Жалба од „Осогово“ до ФФМ

ГФК „ОСОГОВО“ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ДО НАТПРЕВАРУВАЧКАТА КОМИСИЈА ПРИ ФФМ СО КОЈА БАРА “ДЕТОНИТ ЈУНИОР“ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И ДА ГИ ЗАГУБИ БОДОВИТЕ КОИ ГИ ОСВОИЛ СО ФУДБАЛЕРОТ ИВАН НАСТЕВСКИ, БИДЕЈЌИ ИГРАЛ ЗА ТРИ КЛУБА ВО ЕДНА СЕЗОНА, ШТО НЕ Е ДОЗВОЛЕНО. ФУДБАЛСКАТА ЈАВНОСТ ВО КОЧАНИ И ЖОЛТО-СИНИТЕ ГО ОЧЕКУВААТ ИСХОДОТ, НАДЕВАЈЌИ СЕ ДЕКА И ВО НОВОТО ПРВЕНСТВО ЌЕ ОСТАНАТ ВТОРОЛИГАШИ. Од ГФК Осогово од Кочани очекуваат Натпреварувачката комисија при ФФМ да ја прифати жалбата, а Детонит јуниор да биде казнет поради неправилна регистрација на фудбалер, со што жолто-сините би останале…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Ново детско игралиште во градинката „Ѕвездички„ во Облешево

Градоначалникот на општина Чешиново – Облешево, Далибор Ангелов денеска го потпиша договорот за примопредавање на донација – Инклузивно детско игралиште со реквизити и опрема поставено во општинската детска градинка Ѕвездички-клон Кокиче. Игралиштето е опремено со дрвена куќичка со скала, лулашки, двојна клацкалка изработени од дрво, лулашки со седишта и други реквизити. Изградбата на овој парк се реализираше во рамки на проектот за социо-економско зајакнување на лица со попреченост од руралните средини „ From Disability to FoodAbility“ кој се имплементираше со донација од Националната федерација на фармери Скопје, а финансиски поддржан…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

ПРИВЕДЕНИ ДИЛЕРИ ОД КОЧАНИ

На 15.04.2022 во времето од 15,00 до 16,00 часот во Кочани по претходна судска наредба од Основен суд Кочани од полициски службеници од СВР Штип и ОВР Кочани се лишени од слобода С. А.(20) и Н. А.(21) двајцата од Кочани, затоа што по извршен претрес во домот на С.А. во Кочани пронајдена и одземена е прашкаста материја и други предмети. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе