ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАНА ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ТОЈ И ТАА“

На 6 мај, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани премиерно беше прикажана театарската претстава „Тој и Таа“, подготвена од Театарската група „Годо“ од Кочани, по адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое тие забораваат кои се и што се. Влезени во кругот со непишани правила наречен систем, кој им го уништува емотивниот развој, тие стануваат режимски суштества.  Во претставата и мажот и жената се навраќаат и се потсетуваат на чувства потиснати…

Прочитај повеќе