ОПШТИНА КОЧАНИ 

Уредување на садните површини на кружните текови во Кочани

Деновиве КЈП „Водовод“ изврши уредување и разубавување на садните површини на кружните текови во градот. Засадени се декоративни садници и растенија, обновени се зелените површини, со цветни леи од сезонско цвеќе. Се замолуваат граѓаните за совесно и грижливо однесување кон сите зелени површини во околината.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одржана средба во рамки на деветтиот Меѓународен Фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“

Во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, а по повод верскиот празник Ѓурѓовден, вчера започна деветтиот Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, којшто оваа година се одржува од 5 до 8 мај. По тој повод, денеска гости од Црна Гора, како и членови на Фолклорниот ансамбл „Бјела“ од Херцег Нови, заедно со претставници од домаќините ФА „Љупчо Сантов“ остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Во рамки на деветтиот Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ ќе се одржи богата програма…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Mомче и девојка со тешки повреди во болница откако по распправија беа нападнати со нож

Две лица од Кочани ноќеска се здобиле со потешки повреди откако во расправија биле нападнати со нож и им биле нанесени убодни рани, по што завршиле во болница. Од МВР информираа дека околу еден час по полноќ, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Кочани го лишиле од слобода 26-годишниот М.Н. од селото Спанчево, откако било пријавено дека со остар предмет ги нападнал 35-годишниот О.С. и 25-годишната Б.Ј. од Кочани. Поради тешките повреди лицата итно биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Од таму информираат дека ноќеска се примени…

Прочитај повеќе