Пешачењето е здравје – Општина Кочани и Извидничкиот одред „Ластовица“ организираат прошетка од Градскиот плоштад до Гоцева Шума

В сабота, на 14 мај, Општина Кочани во соработка со Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани организира настан за промоција на здрав живот, под мотото Пешачењето е здравје. Рекреативната прошетка ќе се реализира на релацијата од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, при што ќе се користи земјената пешачка патека од десната страна на коритото на Кочанска Река. Поаѓањето е во 8 ч. пред општинската зграда. На локалитетот Гоцева Шума извидниците ќе демонстрираат дел од нивните вештини.  Враќањето е по краток одмор од 30-ина минути. Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви…

Прочитај повеќе