Uncategorized 

На 20 и 21 мај – концерти на „Пијано трио“ во Кочани и во Виница

В петок и сабота, на 20 и 21 мај „Пијано трио“ ќе одржи концерти во Кочани и во Виница. Тројцата академски музичари Диана Мирчевска (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Иван Трајковски (пијано) ќе изведат атрактивни дела од Дмитриј Шостакович и Астор Пјацола. – Публиката ќе има можност да ги слушне „Пет дела за две виолини и пијано“ и помалку познатата нежна страна на Шостакович: оваа музика е убава и директна – радосна и тажна за возврат, но неизречена од стравот и гневот, очигледни во многу други негови дела. Ќе го изведеме…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 23 мај во Кочанско – ларвициден и третман од земја за заштита од комарци

В понеделник, на 23 мај 2022 година во Кочани ќе се спроведе првиот ларвициден третман против комарци. Третирањето ќе се врши по течението на Кочанска Река, од градот кон браната Гратче, потоа низводно од градот и на локации со застојани води, на вкупна површина од 6 хектари. Вечерта, од 20 ч. до 1 ч. по полноќ, ќе се изврши и терестичкото третирање – прскање против комарци од земја, на површина од 300 хектарина подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третманите против…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Си замина Киро Герасимов (1951-2022)

IN MEMORIAM Вчера, по долга борба со болеста, во 71-та година од животот, почина легендата на кочанското и Македонското новинарство, Киро Герасимов. Неговиот препознатлив глас и префинета дикција со децении ги информираа граѓаните во државата, како неприкосновен хроничар на настаните во неговото Кочани, регионот и пошироко. Работниот стаж го помина во МРТВ, како дописник на Македонската Телевизија, но неговите прилози и неговиот глас се слушаа и на Македонското Радио. Соработуваше и со Радио Кочани, подоцна и со Телевизија Кочани, а се втемели и во првата приватна телевизија во регионот, ТРД…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот на Крањ во Кочани

Градоначалникот на Општина Крањ, Република Словенија Матјаж Раковец и заменик-градоначалникот Јанез Черне остварија работна посета на Општина Кочани, во рамките на која во општинската зграда се сретнаа со градоначалникот Љупчо Папазов. Притоа Папазов ги презентираше природните ресурси, економски потенцијали, како и природните и културни богатства со кои располага општината. Во рамките на престојот, делегацијата од Р. Словенија беше во посета на кочански локални фирми, со цел запознавање со работата на бизнис секторот во општината. Посета беше извршена и на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци, Геотермалниот систем –…

Прочитај повеќе