Петровденски маратон на Илиев на „Градче“
Kавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, по четврти пат го преплива езерото „Гратче“. Со поддршка од СЗР „Кочански рибар“ Илиев пливаше грбно, краул и пеперутка, по сончево и исклучително топло време.
Лекарот и продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање им порача на граѓаните да ги користат условите со кои располага Кочани и што повеќе да ги практикуваат и спортските и рекреативните пливачки активности.
Градоначалникот Љупчо Папазов му изрази благодарност на д-р Илиев, кој веќе традиционално го промовира „Гратче“ како туристички потенцијал на Кочани.