Рехабилитација на железничкиот премин кај Подлог

Општина Кочани ги започна подготвителните градежни работи на железничкиот премин кај Подлог. Горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Подлог“ ќе се рехабилитира и ќе се прошири со цел да се олесни минувањето на возилата, да се зголеми безбедноста и да се забрза протокот на сообраќајот.

Претходно се модернизираа премините преку железничката пруга кај Основниот суд на ул. „Никола Карев“ и кај Ветеринарна станица, на дел од ул. „Лазар Андонов“ во Кочани.

Сподели: