Во морето од веб портали, без импресуми, удавени од лажни вести aktuelnosti.mk излегува со лице, име и презиме.
Денес кога информацијата им е достапна на сите во секое време, баш тогаш е најважна довербата. Професионално и точно ви ја носиме информацијата. Директно од терен се вклучуваме во живо, со директен пренос се јавуваме и од најважните настани во Кочани и регионот. Во потрага по вистината поставуваме прашања и инсистираме на прецизни одговори, анализираме, дебатираме, отвораме жешки теми и ги критикуваме лошите политики.
Нашата цел и мисија е да бидеме вистински сервис на граѓаните.
Модерниот феномен за информирање преку online медиумите и објавувањето на вестите веднаш ги прави лесно достапни од речиси насекаде, а тоа е она што не натера да го создадеме aktuelnosti.mk.
Без цензура ви ги пренесуваме причините и последиците.
aktuelnosti.mk, двете страни од секоја приказна.