Uncategorized 

Известување за настанат дефект на водоводна мрежа

Ги информираме корисниците дека е настанат сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани.  Поради обилните врнежи во саботата и наносите на талог и друг отпаден материјал во Кочанска река е оштетен цевковод f200 од ПВЦ.  По пријавувањето на дефектот, екипите на КЈП “Водовод” Кочани излегоа на терен и успешно го лоцираа оштетувањето на цевководот во течението на Кочанска Река, но поради зголемениот водостој на реката беше неопходно намалување на водостојот за да се одстрани дефектот.  Во текот на денот екипите на  КЈП “Водовод”…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Известување за јавноста

Гледајки како Македонија се уназадува во изминативе 30тина години и разочаран од функционирањето на политичките субјекти, во ваква идеја за организирање се препознав и решивме да се приклучиме на концептот на граѓански здруженија кои почнаа од Куманово и го формиравме здружението на граѓани  “ЗА НАШЕ КОЧАНИ”.  Целта ни е да ги привлечеме сите луѓе кои сакаат Македонија да ја видат без корупција, економски развиена, со просперитетна младина и се разбира со зачуван идентитет. Ги повикуваме да ни се приклучат сите граѓани, кои сакаат рамо до рамо да ја водиме оваа…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Бадникова поворка низ кочанските улици

Денеска на Бадник, денот пред големиот христијански празник Божиќ, свештенството на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ – Кочани ја организираше Бадниковата поворка. Над 120 дечиња кои учествуваа во Бадниковата поворка, исполнувајќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“ продефилираа низ кочанските улици. Поворката беше примена од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој им подари коледарски пакетчиња заедно со Библијата за млади читатели, честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Игри без граници во ОУ „Св. Кирил и Методиј“

На 28 декември во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, се реализирани хуманитарните новогодишни спортски „Игри без граници“. Во полната сала учениците од шесто до деветто одделение, поделени во тимови се натпреваруваа во четири атрактивни спортски игри, на задоволство на публиката која создаде извонредна атмосфера. Овој предновогодишен настан е од забавно – хуманитарен карактер, за што се поставени кутии за донации на средства од сите присутни. Средствата се наменети за набавка на пакетчиња на социјално ранлива категорија на дечиња кои учат во училиштето. Директорот на ОУ „СВ. Кирил и Методиј“, Даниел…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

ДПСС „Осогово„ стана член на Националниот сојуз за планинско спасување

Изминативе два дена, во Охрид се одржа првиот Национален конгрес за планинско спасување, на кој учествуваа претставници од 14 организации, редовни членови и кандидати за членство во Националниот Сојуз за Планинско Спасување. На средбата беа споделени најновите искуства од последниот конгрес на меѓународната комисија за алпско спасување ICAR, кој се одржа во октомври годинава, во Монтро, Швајцарија. Покрај најновите случувања во светот, беше направена и анализа на постојните ресурси со кои располагаат организациите од сојузот, како и анализа на основната опрема за укажување на помош и безбеден транспорт на повредени,…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Независниот синдикат на полицијата утре на протест

Утре во 12 часот пред полициската станица во Кочани ке се одржи протест на полициските службеници . Се повикуваат сите вработени , граѓани и граѓански организации да дадат поддршка на полициските службеници.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Во недела протест на полициските службеници од Кочани

Поради се поголемата зачестеност на кривични пријави против полициски службеници на кои суспензијата од работните места се користи како репресивна мерка и целосно дискредитирање на личноста на полицаецот, се посилна е потребата за жесток синдикален одговор. На 04.12.2022 година (Недела) пред зградата на ОВР Кочани, Независниот синдикат на полицијата ќе оддржи масовен протест како реакција на последните 4 решенија за суспензија на полициски службеници од БПС Кочани. Ги повикуваме сите колеги, граѓани, невладини организации, но и Министерот, Директорот на БЈБ и останати добро намерници, да застанеме рамо до рамо во…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Демант на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

СВР Штип- ОВР Кочани најостро ги демантира лагите изнесени на прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и ја известува јавноста дека при поднесувањето на кривичната пријава против директор на училиште е постапено во координација со надлежен јавен обвинител и со судија од Основен суд Кочани, при што е испочитувана целата законска процедура. Затоа, апелираме да престане ширењето на лаги со цел да се попречи правдата. Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани преземени се сите потребни мерки и активности во…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Наталија Теодосиева доби признание за најдобра млада уметничка од Претседателот Стево Пендаровски

Mладата и успешна актерка Наталија Теодосиева денеска го доби признанието за најдобра млада уметничка која на свеченост и го врачи претседателот Стево Пендаровски. Признанието „Успешни млади” се доделува по трет пат за резултати постигнати во изминатата календарска година во областа на општествените, природно-математичките и техничките, хуманистичките и на медицинските науки, на млади со значајни достигнувања во уметничките и во културните практики, како и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост. Во категоријата „Најдобар млад научник во општествени науки“ носител на признанието е д-р Виктор Стојкоски, додека за…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Националната годишна награда за жена претприемач на микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани

Во организација на Здружението на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска во Скопје започна Вториот годишен самит на Национална платформа за женско претприемништво. На Самитот на тема „Инспиративна иднина“, чија цел е зголемување на видливоста и профилот на Националната платформа и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и за женското претприемништво, беа доделени и наградите за најуспешни претприемачки за 2022 година. Наградата за жена претприемач во категоријата микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани,…

Прочитај повеќе