КОВИД 19 

Во КОВИД одделението во Кочани хоспитализирани 9 пацинети

Поради зголемениот број на пациенти коишто бараат болничко лекување, од петокот е пуштено ковид одделението во Кочани на Интерно кое располага со 25 болнички кревети. За два дена се хоспитализирани вкупно девет пациенти, кои се со полесна клиничка слика, а деновиве доколку има потреба се очекува да биде пуштена во употреба и модуларната ковид болница, соопшти директорот на општа болница со проширена дејност Кочани, д-р Александар Серафимов. -Сите пациенти се со полесна клиничка слика, а ние сме подготвени за примање на нови пациенти доколку има потреба од тоа. Во координација…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Брзи ПЦР тестови – на улица

ВО НЕПРИМЕРНО ИМПРОВИЗИРАНИ УСЛОВИ, ВО ПРАШИНА, МОБИЛНАТА ЛАБОРАТОРИЈА СМЕСТЕНА ВО КОМБЕ, ПАРКИРАНО КАЈ ГРАДСКИОТ СТАДИОН, ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ПРАВЕШЕ БРЗИ ПЦР ТЕСТОВИ. ОКОЛУ СТОТИНА ГРАЃАНИ ГЛАВНО ГАСТАРБАЈТЕРИ СТРПЛИВО ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО НЕОПХОДНИОТ ДОКУМЕНТ, ПЛАЌАЈЌИ ПРИТОА ПО 1200 ДЕНАРИ ЗА ТЕСТ. Вчера попладне во запустениот простор кај градскиот стадион и тениските терени, во прашина до колена, Мобилна лабораторија  по доцнење од два-три часа правеше и издаваше ПЦР брзи тестови на граѓани од Кочани. Можеби близу стотина граѓани, меѓу кои доминираа привремено вработените во странство, што можеше да се забележи…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Во Кочани регистрирани 5 новозаболени и 2 оздравени пациенти

Се зголемува бројот на новозаболени со КОВИД 19. За 24 часа во Кочани регистрирани 5 новозаболени и 2 оздравени пациенти. На ниво на држава од направените 9720 тестирања, регистрирани се 792 нови случаи од кои најмногу се од Скопје Регистрирани се и 104 оздравени пациенти и 10 починати.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Состојбата со коронавирусот во Кочани се стабилизира…

Во модуларната болница во Кочани моментално се хоспиталиирани 8 пациенти од кои 7 се на кислородна поддршка, а слободни кревети за позитивни пациенти на ковид 19 кои имаат потреба од болничко лекување има 25, информираше директорот на општа болница со проширена дејност Кочани, др. Александар Серафимов. Серафимов додаде дека е во тек и вакцинацијата на вакциналниот пункт во Кочани , а денеска се очекува да пристигнат вакцини од Астра Зенека. Сите пријавени граѓани навреме ќе бидат известени за терминот за кога им е закажана вакцината. Инаку во Кочани како и…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Драматични битки за живот водат заболените граѓани и лекарите во ковид амбулантите

Крајно несоодветната транспарентност во функционирањето на ковид амбулантите и центрите во здравствените установи низ градовите и регионалните центри и одсуството на кампања за конкретни и концизни совети до граѓаните, заедно со речиси едногодишното примарно лекување по телефон, според поедини врвни доктори, доведоа до експлозија на ширењето на Ковид 19 во регионот и во државата. Истовремено голема е дистанцата помеѓу тоа што се случува во Ковид амбулантите и надвор од нив, бидејќи граѓаните не ни можат да претпостават какви драми се одвиваат во битката на секој болен да преживее, како и…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Болните сами купуваат кислородни машини, надлежните молчат …

ВО БИТКАТА СО КОРИД 19, А ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА МЕСТА И КИСЛОРОД ВО АМБУЛАНТИТЕ, СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ САМИ ИЗДВОЈУВААТ ПО 1000 ЕВРА И ПОВЕЌЕ, ЗА ДА МУ ОБЕЗБЕДАТ НА ЗАБОЛЕНИОТ КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА КОЈА ЖИВОТ ЗНАЧИ. ЌЕ НАВЛЕЗАТ ЛИ ОДГОВОРНИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО ПОДЛАБОКО ВО СУШТИНАТА НА ПРОБЛЕМИТЕ СО И ОКОЛУ КОВИД 19 ПАНДЕМИЈАТА. Помеѓу многубројните драматични и тешки патешествија низ кои минуваат заболените од Ковид 19 и нивните семејства, е и трката по машини за кислород, предизвикана од немањето доволно места и боци во здравствените институции. Иако во јавноста…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Свадбата пекината, сватоштините приведени

Кочанската полиција прекинала свадбена свеченост во Кочани, поради непочитување и непостапување на присутните во склад со задравствените прописи. Од МВР соопштуваат дека денеска околу 14.00 часот во ОВР Кочани било пријавено организирање на свадбена прослава на улицата „Шукри Шаин“, на која спротивно на ковид мерките, биле присутни повеќе граѓани. Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници и по консултации со дежурен јавен обвинител од ОЈО Кочани од слобода биле лишени пет лица, а свадбената прослава била прекината. -По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Рекордни 30 новозаразени во Кочани

Бројот на новозаразени со ковид 19 во Кочани секојдневно расте. За 24 часа се регистрирани 30 новозаболени лица и двајца починати. Институтот за јавно здравје регистрираше 12 оздравени пациенти, а бројот на активни случаи позитивни на ковид 19 во Кочани е 269. Третиот бран на коронавирусот ги преполни и болниците . Во мододуларната ковид болница веќе неколку дена нема слободен кревет. Хоспитализирани се 34 пациенти од кои 80 проценти се на кислородна поддршка. Од Министерството за здравство информираат дека денешниот број на починати е рекорден, односно поради компликации од коронавирусот,…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Надлежните неодговорни, заболените и починатите, сами си се виновни …

На граѓаните никако не им е јасно како може државниот врв деновиве да полемизира и да дава оценки околу разидувањето на претседателот Пендаровски и Министерот Филипче, дали било, или не, срам за државата, или манифестација на хуманост на соседите, масовното вакцинирање на македонците во градовите низ Србија. И дали изјавата на шефот на државата е соодветна или не. Не е само срамно за државата, туку е и тажно и трагично. Тоа што некој можеби ги изгубил тие емоционални чувства, е друга работа. Работите со Ковид 19 се така поставени што…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

130 заболени за 8 дена, 18 починати за 18 дена

ДУРИ 130 НОВОЗАБОЛЕНИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ОСУМ ДЕНА РЕГИСТРИРААТ СЛУЖБИТЕ КОИ ЈА ТРЕТИРААТ КОВИД 19 ПАНДЕМИЈАТА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ. ПРИТИСОКОТ ЗА КРЕВЕТ, ШТО ЗНАЧИ И КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА И ТЕРАПИЈА, СЕКОЈДНЕВНО СЕ ПОСИЛЕН. ПИКОТ НА ТРЕТИОТ БРАН ДОПРВА ДОАЃА, А ВАКЦИНАЦИЈАТА СЕ ОДВИВА БАВНО. ЗА 18 ДЕНА ЕВИДЕНТИРАНИ 18 ПОЧИНАТИ. Ако според извештаите во Кочани секојдневно се евидентираат по дваесетина новозаболени од Ковид 19, или само во последните осум дена бројката достигна 130 новозаразени, тогаш логично е што капацитетите на здравствените установи во Кочани, Штип и Скопје, се под  огромен притисок на…

Прочитај повеќе