ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

В недела летна слава на Св. Василиј Велики

ГОДИНАВА ЛЕТНАТА СЛАВА НА СВ. ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ НА ПОНИКВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ САМО КОЛКУ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ ТРАДИЦИЈАТА НА МАНАСТИРОТ, ШТО Е ВО СКЛАД СО ВАЖЕЧКИТЕ МЕРКИ И ПРОТОКОЛИ НА ВЛАДАТА НА РСМ. ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ВООБИЧАЕНО Е ПРВАТА НЕДЕЛА ПО ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК, УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА. Максимално рестриктивно, во согласност со Ковид мерките и протоколите, в недела ќе се одбележи летната слава на Манастирот Св. Василиј Велики на Пониква, Осоговски Планини. Одбележувањето кое секоја година се одржува првата недела по Успение на Пресвета Богородица, ќе биде скромно, само колку да…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Оваа година ќе изостане потопувањето на Светиот крст во Кочанска река

Утре православните верници го празнуваат големиот кристијански празник Богојавление, Водици. Оваа година поради пандемијата предизвикана од КОВИД 19 , ќе изостане потопувањето на Светиот крст во водите на Кочанска река. Отец Димитар Арсовски информираше дека во кочанскиот храм Св. вмч Ѓорѓи ке се отслужи литургија , а водосветот ќе се отслужи во црковниот храм. Од православниот црковен храм апелираат до верниците да се запазуваат мерките за заштита и да се избегнат групирања.

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Зошто се слави Стара Нова година?

Според Јулијанскиот календар, новата година година започнува на 14 јануари од Грегоријанскиот календар. На 1 јануари се дочекува Новата година, но покрај тоа се празнува и Обрезание Господово и Свети Василиј Велики. Кај земјите кои го имаат прифатено Јулијанскиот календар, 1 јануари претставува државен празник, но верските празници Обрезание Господово и Свети Василиј Велики се празнуваат на 14 јануари. Оттука доаѓа и терминот Стара Нова година, која се дочекува на 13 јануари. 1 јануари е општоприфатен низ светот како почеток на новата година низ светот, многу христијански верници сметаат дека…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски

Роден е во Рим, од царски род, современик на апостолите. Мајка му и неговите двајца браќа пловејќи по морето беа разнесени на разни страни, а татко му одејќи да ги бара жената и децата и самиот се изгуби. Тогаш Климент, којшто имаше дваесет и четири години, појде на Исток да си ги бара родителите и браќата. Во Александрија се запозна со апостолот Варнава, потоа му се придружи на Св. апостол Петар, по кого веќе одеа неговите двајца браќа, Фаустин и Фаустијан. По Божја Промисла апостолот Петар ја најде Климентовата мајка…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Светите Козма и Дамјан

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ? помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник на Св. Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со Св. Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господ Исус Христос. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Св. Апелиј беше епископ…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Светиот свештеномаченик Зиновиј и сестра му Зиновија

Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера и големото материјално богатство ги наследија од нивните родители. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти предлагам две – живот и смрт. Живот ако им се поклониш на боговите, смрт ако не им се…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Преподобната маченичка Анастасија Римјанка

Родена е во Рим од благородни родители и остана сираче кога имаше три години. Како сираче ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабожците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавтите измами и да ги истрпи маките.…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи особена сцена, како една тераса на столбови. Долу под…

Прочитај повеќе