Рехабилитиран дел од улицата „АСНОМ“ во Кочани
Дел од улицата „АСНОМ“, во централното градско подрачје на Кочани, доби нов асфалтен слој. Стручните служби информираат дека е поправен потег којшто беше во лоша состојба, во должина од 64 м. Изведувач на работите е градежната фирма „Стоименов“ од Кочани. Средствата во износ од 300.000 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.