ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Невидено – ноќеска е украдено болничко возило од Болницата во Кочани !?

Според неофицијални но добро упатени извори, ноќеска од кругот на Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Кочани е украдено едно возило на брзата медицинска помош, марка „Тојота“. Вработен од болницатавели дека полицијата извршила увид во здравствената установа, со цел да им се влезе во трага на дрските крадци. Се работи за возило кое Општа болница го доби како донација. Оваа несекојдневна кражба се случува како продолжение на зачестените кражби на трактори, автомобили и комбиња по кочанските села, кои исчезнуваат на чудесен начин, без да бидат откриени, односно пронајдени.

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Јавна благодарност од жители на Ул.„Царка Ѓорѓиева“ до градоначалникот

Жители на Оризари изразуваат јавна благодарност за градењето на улицата „Царка Горгиева. Ние, група граѓани, жители на Оризари, со живеалиште на улицата  “Царка Горгиева” изразуваме јавна благодарност до градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев што ни овозможи по неколку децении да имаме асфалт покрај нашите куки. Ние сме среќни што вчера заврши асвалтирањето на нашата улица која се наоѓа во населбата Селиште. За тие кои не знаат, тоа е на височина која ни овозможува убав поглед кон населбата и градот, а веднаш до нас е природна средина која ни дава…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Свадба во училиште …, што е следно?

Дали е во прашање некаков комерцијален или политички дил, или нешто друго, важно свадбата во дворот на едно од најстарите кочански основни училишта ги зовре социјалните мрежи. Сеуште не се стишала една афера, а кочанци и пошироката јавност веќе имаат нов „специјалитет“ за коментирање и оговарање.   Имено денеска на социјалните мрежи се појавија фотки на кои се гледа  како во дворот на ОУ „Раде Кратовче“ се одвива убава свадбена веселба, со сите нишани. Дали некој некого прашал за отстапување на просторот, никој не се произнесува. А дали и каква одговорност…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Трајаново трло повторно на удар на познатиот деликвент  – има ли закон за овие лица

Почитувани наши сограѓани, поучени од неодамнешните немили настани, кои за жал последните денови повторно зачестија, чувстуваме потреба повторно да се огласиме. Пред се оваа наша реакција сакаме да ја искористиме да ги предупредиме нашите сограѓани за поголема ажурност и внимание поради појавувањето на се почестите кражби. Имено, последните неколку дена сме сведоци на неколку ограбени домови, како и обид за провалување во уште неколку куќи во нашата населба. Притоа исто така беше нарушен јавниот ред и мир по една сообраќајна несреќа поради управување на се повеќе технички неисправни возила, а…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Наташа Николова од Оризари е пронајдена

ВОНРЕДНА ВЕСТ: 16 годишната Наташа Николова од Оризари е пронајдена вечерва. Според првични објави на дел од медиумите девојчето е пронајдено од страна на група млади момчиња кои самоиницијативно се вклучиле во потрагата, ја пронашле дехидрирана, по што е однесена во болница. Наташа беше пријавена за исчезната на 10 јуни во 8 часот и до овој момент се вклучија голем број граѓани за нејзино пронаоѓање . Најважно од се е што девојчето е најдено живо, а дополнителни информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Преку порозниот асфалт, водата му ги наполнила подрумите

АТМОСФЕРСКАТА ВОДА ПО СИНОЌЕШНИТЕ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ПОРОЗНИОТ НОВ АСФАЛТ СЕ СЛЕАЛА ВО ПРИЗЕМНИТЕ ПРОСТОРИИ ОД СЕМЕЈНАТА КУЌАНА БРАНКО ПЕТРОВ. АКО СЕГА Е ТАКА, КАКО ЌЕ БИДЕ НАЕСЕН И ЗИМОСКА, СЕ ПРАШУВА ПЕТРОВ, ЗАГРИЖЕН ЗА СВОЈОТ ДОМ. Продирањето на атмосверската вода во подрумските простории од семејната куќа на Бранко Петров, се заканува да му предизвика посериозни штети и проблеми на објектот. И по синоќешните обилни врнежи, приземните простории се наполнија со вода, која доаѓа од порозниот асфалт. Петров смета дека треба да се поправат недостатоците, бидејќи стравува дека наесен, или…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Напатените со барикади се бранеа од поплавите

ПОПЛАВЕНИТЕ УЛИЦИ ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ СЕ ИЗЛЕАЈА И ВО ДВОРНИ МЕСТА И СЕМЕЈНИ ЌУЌИ, КАДЕ ПРЕДИЗВИКАА ПОМАЛИ ШТЕТИ. ШТЕТИ ПРЕДИЗВИКАА И ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПРАЗНЕЊА И СЛАБИОТ ГРАД. ГРАЃАНИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГИ ПОВИКУВАА НАДЛЕЖНИТЕ ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ СО ПОРОИТЕ, КОИ СЕ ОПСНОСТ ОД ПОПОЛАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ. Синоќешното невреме повторно им создаде главоболки на поедини граѓани, чии дворни места и домови беа помалку или повеќе поплавени. На социјалните мрежи можеа да се прочитаат жестоки реакции на револтирани граѓани, кои евидентирале штети од пороите по улиците. Наши сограѓани…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Повик за протест

На 26.05. 2021 година, среда, со почеток во 18.00 часот на плоштадот пред општинската зграда ќе се одржи мирен граѓански протест со цел засегнатите родители, наставници и други граѓани да го искажат своето незадоволство против Нацрт-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.  Иницијативен одбор на граѓанската иницијатива УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА!

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Водата од „Калиманци“ – во куќите на Ул. „Македонска“

ВОДАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ОД ДЕСНИОТ МАГИСТРАЛЕН КАНАЛ, НАМЕСТО ВО ПОЛИЊАТА, ЗАВРШИ ВО КУЌИТЕ И ДВОРОВИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА „МАКЕДОНСКА“ ВО УСОВА ЧЕШМА. ПОРАДИ ЗАТНАТИ РЕШЕТКИ КАЈ НЕКОГАШНАТА КАСАРНА, ВОДАТА СЕ ИЗЛЕА И ПОПЛАВИ ПОДРУМСКИ ПРОСТОРИИ, ДВОРНИ МЕСТА И ЈАВНИ ПОВРШИНИ. ГРАЃАНИТЕ ГНЕВНИ НА НЕОДГОВОРНИОТ ОДНОС НА НАДЛЕЖНИТЕ И СЕ ЗАКАНУВААТ СО ТУЖБИ ПОРАДИ ПРЕТРПЕНИТЕ ШТЕТИ. ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НАВОДНИТЕЛНА СЕЗОНА ВОДАТА ПО НЕКОЛКУ ПАТИ СЕ ИЗЛЕВА И ГИ ПОПЛАВУВА. Старт со инцидент на наводнителната сезона на десниот магистрален канал со кој стопанисува Водостопанство Брегалница. На потегот пред влезот…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Мирниот протест одложен поради можни тензии

Жителите на населбите Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик со писмено соопштение ја информираат јавноста дека закажаниот граѓански протест за денеска, (16.04.2021 г.) кој требаше да се одрживо Градскиот парк во Кочани – се одложува. Пријавениот настан (протест), на ден 16.04.2021 г. се одложува на неопределено време поради индиции за тензии од меѓуетнички размери, објаснуваат жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик.

Прочитај повеќе