РЕГИОН 

Миле Петков нов претседател на ИПР

Во Кочани, во салата за состаноци во општинската зграда, Советот за развој на Источниот плански регион ја одржа тринаесеттата седница. На седницата Советот ги усвоиизмените нафинансискиот план на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2023 година; донесе одлука за преотстапување на изградениот објект „Партерно уредување во склоп на објектот Дом на млади – Штип“; а го  донесе и Правилникот за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источниот плански регион.  На седницата во Кочани, за претседател на Советот за развој на Источниот плански регион, сметано од 21 ноември 2023 година, е избран Миле Петков,…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Денеска Амфенол слави 10 години успеси

Амфенол денеска слави на само нему своиствен начин. Заокружена е првата декада од неверојатно успешен развој, кој ја издигна компанијата во самиот врв на македонското стопанство. Во таква атмосфера, продолжуваат и планираните активности кои денеска ќе кулминираат. За 11 часот е закажана забавата за најмалите, со настап на дечињата од КДУ „Павлина Вељанова“ и ОМУ „Ристо Јуруков“. За во 12 часот е закажано обраќањето на директорот Сашко Наков, а потоа доделување на Благодарници и награди на вработени кои наполниле 5 години работа во Амфенол. Одбележувањето на десетгодишнината во вечерните часови…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Величествен собор во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Пресека

Над илјада верници од расфрланите села и маали на Осоговието, од Оризари, Кочани, Виница и Македонска Каменица, како и многубројни иселеници кои токму за празникот Успение на Пресвета Богородица, се собраа на народниот собор во кругот на истоимениот манастирски комплекс, во селото Пресека, за да го прослават големиот христијански празник и да се помолат за здравје и духовна заштита. По прашливите осум километри пат се движеа колони возила, кои ги запоседнаа ридчињата околу манастирот, создавајќи ретко убава празнична атмосфера. Годинава и поголем број кумови ги изложија своите погачи заради осветување…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Наместо риболовно задоволство – рибокрадство

Кој врши недозволен лов на риба во вештачките езера и во реките во регионот, за таа да стигне до пазарите и да се нуди на продажба по цена од 160 до 200 денари за килограм. И зошто доцнат концесиите кои државата треба да им ги додели на концесионерите, за тие да стопанисуваат со рибниот фонд. Ова се прашања кои си ги поставуваат спортските риболовци, но само во неофицијални разговори, бидејќи јавно никој не сака да си создава проблеми за работи за кои некои се платени, а не си ја вршат…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Невремето собори дрвја и блокираше патишта

Краткотрајно невреме со силен ветер денеска околу 17,30 часот ги зафати Кочани и Виница при што предизвика проблеми во сообраќајот, електричното напојување, како и други помали штети на инсталации и објекти. Под налетот на ветерот паднаа дрвја покрај патишта и на самите коловози, со што времено го блокираа сообраќајот на повеќе сообраќајници. Во Кочани противпожарната служба и екипи на КЈП Водовод интервенираат на влезот во градот од правец на Виница, потоа кај Основниот суд, на излезот кон Штип и на повеќе споредни улици. Во Виница невремето собори голем број дрвја,…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Царев Врв – меѓу петте најголеми ски центри на Балканот !?

На 23 јуни 2023 година градоначалниците на општините што гравитираат околу Осоговските Планини: Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка и Кратово; министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и центрите за развој на Источниот и на Североисточниот плански регион потпишаа меморандум за соработка кој ќе овозможи користење на средствата од Програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за подготовка на потребната документација за изградбата на ски-ресорт на Царев Врв. Станува збор за капитална инвестиција која во овој момент е препознаена како стратегиски приоритет на државата, но и…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Реките се излеваат, поплавени дворови и ниви

Честите и на моменти обилни врнежи од дожд вчера и денеска веќе предизвикуваат посериозни проблеми по течението на реките и во поедини села во рамничаркиот дел од општината. По коритата на помалите реки, Кочанска, Оризарска, Осојница, Зрновска денеска се измерени по 4 до 7 м3 вода во секунда, која кога ќе се слее во Брегалница прави во неа да течат помеѓу 40 и 50 м3 вода во секунда, што е мошне сериозна количина. Од тие причини, таму каде коритото е стеснето, доаѓа до излевање и поплавување на поголеми површини земјоделско…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Кочанските пензионери најтрофејни

НА 27-ТЕ РЕГИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ШЕСТЕ ОПШТИНИ ВО РЕГИОНОТ, ЗП КОЧАНИ ОСВОИ НАЈМНОГУ ПРВИ И ВТОРИ МЕСТА, СО ШТО Е НАЈУСПЕШНО ЗДРУЖЕНИЕ. СВОЈАТА ДОМИНАЦИЈА ЈА ПОТВРДИЈА ФУДБАЛЕРИТЕ И КОШАРКАРИТЕ, АТЛЕТИЧАРИТЕ … Здружението на пензионери од Кочани и годинава учествуваше на 27 по ред пензионерски спортски игри што се одржаа во Делчево, каде се натпреваруваа спортисти од шест здруженија во регионот. Постигнатите резултати се мошне добри и се на задоволително ниво, оценува Претседателот на Комисијата за спорт при ЗП Кочани, Крале Спанчевски. Победниците по дисциплини обезбедија учество на…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

ЗП Кочани домаќин на ревија на песни, музика и игри

Денеска во обновената сала на ЦК „Бели Мугри“ во Здружението на пензионери од Кочани беше домаќин на 21 Регионална ревија на песни, музика и игри, која ја организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. На оваа своевидна смотра на традиционалниот фолклор, која ја удостоија претседателката Станка Трајкова и претставници на СЗПМ,  учествуваа шест здруженија од општините Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница и градот домаќин Кочани. Пред музичките настапи, учесниците продефилираа низ центарот на Кочани, привлекувајќи го вниманието на кочанчани со традиционалните носии, музика и песни. Потоа, во официјалниот…

Прочитај повеќе