ЦРНА ХРОНИКА 

Громорозно убиство во Кочани- Маж со убоди од нож убил 43 годишна жена

Утрово кочанчани ги разбуди веста за големата трагедија која се случија на улицата Страшо Ербапче ,каде 56 годишен маж со над 40 убоди од нож убил 43 годишна жена. Убиството се случило утрово околу 6 часот откако по претходна расправија на жената и биле нанесени убодни рани при што починала на лице место. Настанот во Итната медицинска помош го пријавиле соседите откако се разбудиле од силната расправија помеѓу мажот и жената. Според неофицијални информации, убиецот го оставил безживотното тело на жената, го признал делото и веќе е лишен од слобода.…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пожари беснеат кај Соколарци и во полињата под Плачковица

Опасни пожари во моментот беснеат во атарот на селото Соколарци, каде огнот и се заканува на фармата за марихуана, но и на неколку куќи на периферијата од селото, како и на пчеларници и друг земјоделски имот. Пожар беснее и од другата страна на реката Брегалница, каде огнот се шири во правец на планината Плачковица. Екипи на противпожарната служба од Кочани се на терен каде заедно со локалното население водат битка да ја стават под контрола огнената стихија, за да се спасат поголеми штети. Од ТППЕ велат дека пожарите најверојатно се…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Страотен судар на џип и шевролет, тројца загинати

Епилогот на страотната сообраќајна несреќа кај Кадрифаково е три лица загинати, меѓу кои и 15-годишна девојка. Сообраќајната несреќа која денеска околу пладне се случи на автопатот Штип-Миладиновци, во близина на патарината кај селото Кадрифаково зацрни семејство. Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, 15-годишната девојка и 62-годишна жена загинале на самото место, а потоа во Клиничката болница во Штип починала и 37-годишна жена, која имала тешки телесни повреди. Во несреќата учествувале две возила, а покрај загинатите во штипската болница се примени уште четири лица, од кои едно дополнително било пренесено…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Приведен дилер од Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани, вчера во 18:10 часот, го лишиле од слобода Е.Д.(46) од Кочани. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пожар во Хотелот „Центар“ во Виница

Денеска во доцните попладневни часови избувна пожар во Хотелот „Центар“, односно поранешната стоковна куќа лоцирана во центарот на Виница, од каде се креваше густа чад која ги вознемири граѓаните.  Со брза интервенција на противпожарните служби од Виница и од Кочани, пожарот е изгаснат за нешто повеќе од еден час, при што е спречена поголема катастрофа. Засега не се знаат причините за пожарот, како и предизвиканата материјална штета. Се очекува истрагата да го утврди сето тоа. Неофицијално, огнената стихија започнала од делот каде што биле сауната, но за среќа не ги…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Со закана со пиштол решавал недоразбирања кај градската депонија над С.Бели

На 05.04.2023 во 13.30 часот во ОВР Кочани, В.М.(26) од с.Владевци, струмичко, пријавил дека околу 09.45 часот на Градската депонија во Кочани над с.Бели – патот кон ,,Пониква“, едно лице му се заканило со пиштол. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Маж падна на улица во бессознание

МАЖ НА ВОЗРАСТ ОД СЕДУМДЕСЕТИНА ГОДИНИ ПАДНА НА УЛИЦА И ОСТАНА ВО БЕЗСОЗНАНИЕ. ВЕРОЈАТНО ОД УДАРОТ СО ГЛАВА НА АСФАЛТОТ, МУ ИМАШЕ ИСТЕЧЕНО КРВ ОД НОСОТ. ЕКИПА НА ИТНАТА ПОМОШ ГО ОДНЕСЕ ВО КОЧАНСКАТА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ЗАРАДИ УКАЖУВАЊЕ СООДВЕТНО ЛЕКУВАЊЕ. Денеска, околу 10 часот, на Улицата Д-р Николиќ, во центарот на Кочани, маж на возраст од околу 70 години, движејќи се по коловозот, паднал на асфалтот и останал во безсознание. Старецот одел пешки, со помош на бастун, држејќи во едната рака некакво кесе. Од носот му имаше истечено крв, веројатно…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Со туѓа картичка од банкомат влечел пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ф.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 16.10.2022, пријавениот со дебитна картичка, сопственост на друго лице, од банкомат во Кочани подигнал пари.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Во нива пронајдени човечки коски,облека и обувки

На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во нива на место викано „Кочански дол“, атар на Кочани, биле пронајдени човечки коски, облека и обувки. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани. По наредба на Јавен обвинител пронајденото било дадено на вештачење, информираат од полицијата.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Маж од Кочани на социјалните мрежи објавил видео од 33 годишна жена со компромитирачка содржина

На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина. Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе