Се обновува оштетената патна инфраструктура на Пониква
Подобрена е состојбата на патот на локалитетот Пониква што го поврзува паркингот пред одморалиштето на МВР и манастирот „Св. Василиј Велики“.
Според договорот што Општина Кочани го има со економскиот оператор „Коле транс“ од Штип, деновиве се закрпени дупките на патот што води кон општинскиот објект „Инфо-центар“ и неколку угостителски и хотелски капацитети на Пониква. Градежните интервенции се извршени во должина од 150 м.