туризам 

Во петок ноќно скијање на Пониква

Во петок 10 февруари на Пониква се организира уште едно ноќно скијање во кое љубителите на зимските спортови ке имаат можност да уживаат во убавините на скијањето. Ски-патеката 1 на СРЦ „Пониква“ е целосно израмнета и подготвена, а ќе се скија во периодот од 17:00 ч. до 20:00 ч.

Прочитај повеќе
туризам 

На „Пониква“ вее снег, ДПСС на терен

Од утрово на Пониква вее засилен снег, при што се создава снежна покривка, која го отежнува движењето на возилата кон спортско рекреативниот центар. Меѓутоа, регионалниот пат од Кочани до Пониква е прооден, за што придонесува мобилноста на дежурните служби на Македонија пат. Во создавањето на безбедни услови со 24 часовно присуство на терен, и со цел да им помогнат на посетителите, доколку за тоа има потреба, се и доброволците од ДПСС „Осогово“, кое дејствуваат на критичните места и реагираат во најбрз можен рок на секој повик. Контакт за ДПСС: 112

Прочитај повеќе
туризам 

Сообраќаен хаос кон „Пониква“

Малата но задоволителна снежна покривка на Пониква и сончевиот ден намамија голем број граѓани од Кочани и од повеќе градови во државата, кои посакаа да престојуваат во планинскиот спортско-рекреативен центар, Меѓутоа исклучително големиот број возила создаде гужви на паркинзите и покрај патот, што доведе до формирање долги колони и предизвика нервоза кај возачите. Многумина беа принудени долго да чекаат да се расчисти сообраќајниот хаос, бидејќи останаа блокирани без да можат да продолжат напред или да се вратат назад. Во регулирањето на сообраќајниот метеж е вклучена и сообраќајната полиција, која дејствува…

Прочитај повеќе
туризам 

Пониква падна на испит

Кога нема посетители на Пониква ги молиме да дојдат. Кога ќе навалат, не можеме и не знаеме да ги пречекаме. Односно, да им ги овозможиме минималните нормални услови да пристигнат, да паркираат и да можат да прошетаат или седнат како луѓе на топол чај, или на ручек. За санкање или скијање и да не зборуваме, поради гужвата која се создава на „единицата“ и по патот кон манастирот. Ете тоа е нашиот туризам за кој толку многу се злагаме и за кој градоначалниците собираа политички поени две-три децении наназад, а практично…

Прочитај повеќе
туризам 

„Пониква“ снежна и пожелна

Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, придружуван од директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов беа во посета на Пониква, каде се сретнаа со концесионерот кој стопанисува со ски-лифтовите и механизацијата, за на лице место анализираат што е направено и што се прави за успешен старт на скијачката сезона. Снежната покривка на Осоговските Планини по автоматизам го зголеми интересот кај љубителите на зимските спортови и на рекреативците да го посетат спортско-рекреативниот центар Пониква. Согледувајќи ја ваквата ситуација, Општина Кочани се погрижи туристите да можат да ја посетат Пониква во што…

Прочитај повеќе
туризам 

При две газдарици-Пониква килава

Иако на Пониква денеска температурата се движеше околу 25 Целзиусови степени, а во градот околу 40, просторот во спортско-рекреативниот центар изгледаше празно и пусто. Само во угостителските објакти одредена посетеност, главно со гости од Скопје, Куманово и други градови. -Првпат сме на Пониква, вели Дијана од Велес, ама не сме воодушевени. Напротив, повеќе разочарани. Кога се симнавме на паркингот, прашавме каде може да прошетаме, пред да седнеме во некој од рестораните, за кои знаеме од интернет. Една постара жена ни рече, нема каде. Може кон Манастирот, ама по асфалт. Тргнавме…

Прочитај повеќе
туризам 

И по 4 години без нови содржини на Пониква

ПО СИЛНИТЕ НАЈАВИ ЗА РАЗВОЈ И ВРАЌАЊЕ НА СЈАЈОТ НА „ПОНИКВА“, ОСТАНАА САМО ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА, БИДЕЈЌИ ОД НОВИ СОДРЖИНИ НЕМА НИШТО. ЦЕНТРАЛНИОТ И НАЈАТРАКТИВЕН ДЕЛ ПРЕТВОРЕН ВО ГРАДИЛИШТЕ, УРЕДЕНИ И ОБЕЛЕЖАНИ ПАТЕКИ ЗА ПРОШЕТКИ ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД НЕМА, ПА НА ТУРИСТИТЕ КАКО ПРИДОБИВКА ИМ ОСТАНУВА САМО ЧИСТИОТ ВОЗДУХ. Бавно, пребавно оди развојот на спортско рекреативниот центар Пониква, од сите аспекти. За четири години само нов слој на патот од Кочани до аеродромот, поправени ски лифтови и започнато реновирање на една од касарните, во рамките на Проектот „Осогово-велосипедски рај“. А во…

Прочитај повеќе
туризам 

Две плати за седумдневен одмор на море

КОЛКУ ПОВЕЌЕ СЕ ПРОДЛАБОЧУВА СЕОПШТАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА, ТОЛКУ ПОБРЗО РАСТЕ СИРОМАШТИЈАТА НА НАСЕЛЕНИЕТО, КОЈА СЕ ОГЛЕДА И ВО МОЖНОСТА ЗА ЛЕТУВАЊЕ. МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО ТРЕБА ДА ИЗДВОИ ДВЕ ПЛАТИ ЗА СЕДУМДНЕВЕН СКРОМЕН ОДМОР НА МОРЕ. И можноста за летување станува аргумент на аналитичарите кој зборува за порастот на сиромаштијата на европско ниво. Имено, според истражувањето на Европското здружение на синдикати кое брои 45 милиони члена во 38 земји во Европа, околу 35 милиони Европејци немаат пари да си дозволат ниту една недела летување. Ако тој однос е таков кај развиените…

Прочитај повеќе
туризам 

Мега спортски центар на „Царев Врв“ од 100. милиони евра …

ПРЕДИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ, ИЛИ … ПЕТПАТИ ПОГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА МЕГА СПОРТСКИ ЦЕНТАР НА „ЦАРЕВ ВРВ“ НАЈАВУВА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, ВРЕДНА ФАНТАСТИЧНИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА. АКО ПРОЕКТОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ВЛАДИНИОТ ИНТЕРВЕНТЕН ПЛАН ЗА ИНВЕСТИЦИИ 2021 – 2027, ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ТУРИЗМОТ ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ОД ПОНИКВА КОН ВТОРИОТ ПО ВИСОЧИНА ВРВ НА ОСОГОВИЕТО Откако на 31 март Актуелности пишуваше за огромните зимскотуристички, и воопшто планински туристички потенцијали на вториот по височина врв, Царев врв на Осоговските Планини, два месеца подоцна стигна најава од заменик претседателот на…

Прочитај повеќе
туризам 

Жално е за Пониква

Народниот мудрец не случајно рекол: при две мајки-детето килаво. Таква некаква е судбината на Пониква, спортско-рекреативен центар кој еден планински пат ја дели на две општини, Кочани и Пробиштип. Од десната страна, каде што е некогашното детско одморалиште и ски лифтот број еден е на Кочани, а левата страна каде се угостителските објекти, централните викендички и ски лифтот број 3, заедно со касарните, е на Пробиштип. Меѓутоа, и покрај поделеноста, се добива впечаток дека за се овде се грижи Општина Кочани. Реконструкцијата на патот и на ски лифтовите, додавањето нови…

Прочитај повеќе