Кружни текови како скриена опасност
Предолгата изградба на многу објекти, особено во делот на патната инфраструктура, и несекогаш соодветната сигнализација, оставаат премногу простор голем број возачи да се најдат пред искушенија и предизвици, па и реална опасност, при најмало невнимание да доживеат сообраќаен инцидент или друга посериозна несреќа. Денеска нашата камера регистрираше патничко моторно возило кое ја промашило кружницата кај поранешната Фабрика за хартија и преку рабникот се качило на средишната површина предвидена за зеленило. Со оглед на фактот дека ова е најмалку трет случај возачите наместо да вртат околу кружниот тек, возат право, зборува дека повеќето не очекуваат на ваков булевар да има кружен тек, особено што нема фреквентна крстосница. Тоа секако не го оправдува нивното невнимание.