Ќе ловат ли ловците за џабе?
Министерството за земјоделие го пушта ловот на диви свињи од 1-ви септември каде што нема африканска чума и им порача на концесионерите да организираат лов, со ловочувар, ветеринар и инспектор. Ама не кажа под кои и какви услови ќе ловат ловците. Тешко е да се очекува дека ловците ќе плаќаат членарина, ќе трошат за бензин, миниција, и ќе губат денови, за да ја спасуваат државата од чумата. Не е некој адут претпоставката на надлежните дека ловците желни да убиваат (болни) животни, ќе истрчаат на терените и ќе завршат работа. Тоа…
Прочитај повеќе