КУЛТУРА 

60 годишниот ДАФ „казнет“ од Министерството за култура

Министерството за култура за јубилејното 60-то издание на единствената и најстара манифестација во драмскиот аматеризам во државата одлучи да го „награди“ ДАФ со неверојатни 270.000 денари. Со овие средства и со средства од општината, организаторите кон крајот на мај, кога вообичаено се одржува фестивалот, треба да пречекаат и угостат 12 до 14 групи од државата и од странство, плус други уметници од сферата на музиката, ликовната уметност и друго. На тие трошоци треба да се додадат и оние за сала, монтажна бина, озвучување, награди и дипломи, освежување … Не така…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Два концерта на ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари

ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ СО ДВА ПРЕДНОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТА ЗАОКРУЖИ УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ИСПОЛНЕТА СО МНОГУ МЕЃУНАРОДНИ ФЕСТИВАЛИ И НАСТАПИ НИЗ ДРЖАВАТА. ДВАТА КОНЦЕРТА ВО ЗАРНОВЦИ И ВО ОРИЗАРИ СЕ НАЈУБАВАТА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА И НАЈАВА ЗА УШТЕ ПОАМБИЦИОЗНА ПРОГРАМА ВО 2023 ГОДИНА. Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, тековната година ја круниса со два предновогодишни концерта наменети за публиката од која произлегуваат неговите членови. Првиот се одржа во Зрновци, на 24. Декември, во Домот на културата, каде ансамблот има своја секција, која активно и успешно функционира. Вториот во Оризари, на 25…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ЗАПОЧНА 16. САЕМ НА КНИГАТА 2022

Денеска започна 16. Саем на книга во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. Саемот ќе трае од денеска 7 ноември до 12 ноември, секој ден од 10 до 18 часот. – Саемот на книгата се организира традиционално секоја година во склоп на Месецот на книгата. Претставени се петнаесет издавачки куќи од Македонија кои поголемиот дел од нив се долгогодишни соработници на нашата библиотека, а две издавачки куќи се нови – истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на ЈОУБ „Искра“ – Кочани. Во склоп на денешното свечено отварање на саемот, беа доделени наградите…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

На 2 јуни – промоција на делото „Седумте“ од Илина Арсова

В четврток, на 2 јуни, во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ ќе биде промовирано делото „Седумте“ од алпинистката, амбасадорка на родовата еднаквост во спортот, екологистка и ликовна уметница Илина Арсова. Настанот, кој го организираат Општина Кочани и Библиотеката „Искра“, има три содржини. Во 11 ч., во дворот на Библиотеката, претставници на кочанските планинарски друштва „Москито“ и „Осогово“ и на Извидничкиот одред „Ластовица“ ќе имаат средба со Илина Арсова на која ќе можат да разменат искуства и да разговараат за можностите и предизвиците  во планинарењето. Од 12 ч., во просториите на…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Летен караван на книгата во склоп на Драмскиот аматерски фестивал

59. издание на Драмскиот аматерски фестивал коeшто започна на 23.05.2022 и се одржува во Градскиот Парк пред широката кочанска публика, секојдневно се збогатува со најразлични содржини.На свеченото отворање по поздравниот говор на Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ и официјалното отворање кое го прогласи градоначалникот Љупчо Папазов, започнаа секојдневните прикажувања на драми кои се дел од овогодинешната програма на ДАФ. Во склоп на целокупната програма, денеска започнува Летен карван на книгата на МАИ, којшто ќе се одржи од 25 до 29 мај, секој ден од 10 до…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Утре започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фетивал во Кочани

Со прес конференција , закажана за утре 23 мај во Градскиот парк во Кочани,започнува 59 издание на Драмскиот аматерски фестивал. По официјалната прес конференција итсиот ден во 20 часот фестивалот свечено ке биде отворен со претставата „Самоубиство во одбрана „ од Алтернативниот театар  „Отпишани„ од Скопје, а веднаш по претставата следува музичка програма со  Light show и DJ Pancho. Вториот ден од ДАФ  , вторник во 12 часот ке се одржи претставата за деца „Приказна за волшебната шума„ во изведба на театарот од Кавадарци, а во вечерниот термин е претставата…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАНА ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ТОЈ И ТАА“

На 6 мај, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани премиерно беше прикажана театарската претстава „Тој и Таа“, подготвена од Театарската група „Годо“ од Кочани, по адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое тие забораваат кои се и што се. Влезени во кругот со непишани правила наречен систем, кој им го уништува емотивниот развој, тие стануваат режимски суштества.  Во претставата и мажот и жената се навраќаат и се потсетуваат на чувства потиснати…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

На 6 мај во МКЦ – премиера на театарската претстава „Тој и Таа“

В петок, на 6 мај, со почеток во 20 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде прикажана театарската претстава „Тој и Таа“. Претставата е во колективна режија, подготвена е од Театарската група ,,ГОДО“ од Кочани и е адаптација на драмскиот текст „Друг човек“ од Петар Гладилин. Во неа настапуваат двајца актери – Зорица Митева и Владимир Игнатов. „Тој и Таа“ е приказ на состојбата на мажот и жената во системското живеење, во кое тие забораваат кои се и што се. Водени од некои непишани правила, влегуваат во…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Промовирана поетската збирка „Алфа и Омега“ од м-р Славица Урмова – Марковска

Денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ се одржа промоција на поетската збирка „Алфа и Омега“ од авторката м-р Славица Урмова – Марковска. Со оваа промоција се одбележа 21 март, Светскиот ден на поезијата. Се работи за дело во кое се поместени  повеќе циклуси песни, работени во период од 10 години. За оваа поетска збирка авторката има добиено наградата „Бели Мугри“за 2021 година што ја доделува доделува Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје.

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот на избор на претстави за 59-то издание

Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот за избор на претстави за 59. Издание.Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство,  експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели; На ДАФ – Кочани се прикажуваат…

Прочитај повеќе