ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод“ – Извршени подготовки за замена на потопна пумпа во Грдовски Орман

Почитувани, Во текот на претходната седмица стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани утврдија технички проблем поради откажување на електромотор на една од потопните пумпи во бунарско лежиште “Грдовски Орман”. За време на викендот беа направени подготвителни работи, за денес да отпочне процесот на вадење на песок и друг поситен материјал од влезната комора на ПЦОВ со две специјализирани возила за разбивање на наслагите и вшмукување на истиот материјал.  Откако ќе заврши целосното вадење на отпадниот материјал во системот кој се појавува поради мешање во одредени делови во канализациониот систем на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Апел за финансиска поддршка во збогатување на културно – уметничката програма по повод Велигденските празнувања

Општина  Кочани упатува апел до сите заинтересирани фирми да се вклучат финансиски во збогатување на културно-уметничката програма по повод велигденските празнувања под мотото „Сподели радост. Оваа година Општина Кочани за прв пат во соработка со бизнис секторот овозможува поинакво одбележување на претстојните Велигденски празнувања под мотото „Сподели радост“. Одбележувањето ќе се случи во Градскиот парк Кочани во периодот од 07-18 април 2023 година. „Пролет бар“ го доби приматот оваа година да биде носител на активностите. Во склоп на одбележувањето ќе бидат поставени продажни штандови (куќарки) со различни понуди и големо…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

10 фудбалски „Адидас“-ки за училишта во Оризари и Кочани

ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СТЕКНУВАЊЕТО ЗДРАВИ НАВИКИ КАЈ МЛАДИТЕ, ЗГ „СРЕЌНИ ЛУЃЕ“ ГИ ДОНИРАШЕ ФУДБАЛСКИТЕ ТОПКИ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА. ДЕЦАТА ПОКРАЈ ФУДБАЛСКИ ТОПКИ ДОБИЈА БРОШУРИ ОД ПРОЕКТОТ, А ИМ БЕА ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ НА УЧЕСНИЦИТЕ КОИ НЕ БЕА ПРИСУТНИ НА ЗАВРШНИОТ НАСТАН. По успешно завршениот проект „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари, имплементиран од страна на ЗГ „Среќни Луѓе“, во кој беа опфатени над 35 девојчиња и момчиња на возраст од 7 до 12 години, денеска претставник на проектниот тим, им ги донираше шесте топки на учениците од…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Избор на нови членови на органите во девет урбани заедници во Општина Кочани

Поради истекот на мандатот на членовите на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите во девет урбани заедници во Општина Кочани.   На собир на граѓани што ќе се одржи на 22 март, со почеток во 17 ч. ќе се избираат органите на Урбаната заедница 1, а во 18 ч. – на Урбаната заедница 2. Собирите ќе се одржат во објектот „Ѕвездички“…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во пресрет на 8 Март – акција за озеленување на дворот на новата градинка „Детелинки“

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Општина Кочани во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и со Детската градинка „Павлина Велјанова“ изведе акција за озеленување на дворот на новата детска градинка „Детелинка“, во населбата Драчевик. – Комбинацијата на поводот – Меѓународниот ден на жената со изборот на локацијата за пошумување и со целта – да  се подобри капацитетот на „белите дробови“ во локалната средина, се испраќа порака дека секоја жена треба да биде свесна за засегнатоста од климатските промени, но и за нејзината важна улога…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советниците ја одржаа 26 .седница на Советот на општина Кочани

Советот на Општина Кочани ја одржа 26. седница на чиј дневен ред се најдоа пет точки, сите поврзани со одобрување финансиско учество на Општина Кочани при апликација на проекти.  Советот едногласно ја усвои одлуката Општина Кочани да кофинансира во проектот „Реконструкција на дел од ул. ‘Стамен Манов’“, кој ќе биде поднесен до Министерството за транспорт и врски, на повик за користење средства за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите. За реализацијата на овој проект Министерството за транспорт и врски обезбедува 4 милиони денари, а остатокот ќе биде сопствено учество…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

НА 6 МАРТ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ЈА ОДРЖИ 26. СЕДНИЦА

В понеделник, 6 март, со почеток во 9 часот, во Венчалната сала, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 26. седница. На предлог-дневниот ред се пет точки:

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочанските ловишта без стопан

43 ЛОВИШТА СО ВКУПНО 32 ДОГОВОРА ВО ДРЖАВАТА СЕ СТЕКНАА СО КОНЦЕСИИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЛОВ ВО НАРЕДНАТА ДЕКАДА. МЕЃУ НИВ НИТУ ЕДНО ЛОВИШТЕ ВО КОЧАНСКАТА КОТЛИНА НЕ ДОБИ СТОПАН, ПОРАДИ ШТО ЛОВСТВОТО ВО КОЧАНИ И ПОНАТАМУ СТАГНИРА Откако минатата година беше објавен јавен повик за доделување концесија за користење на дивечот и ловиштата во 9 ловни реони во државава во кои има 43 ловишта, склучени се вкупно 32 договори за концесии за исто толку ловишта во Македонија. Договорите за ловиштата им беа доделени деновиве на здруженијата во ловните реони Кочани,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Оглас за организирање Велигденски хепенинг по пат на јавно наддавање

Општина Кочани објави оглас за организирање Велигденски хепенинг, по пат на јавно наддавање. Велигденски хепенинг ќе се одржи во Градскиот парк во Кочани во периодот од 07.04.2023 до 18.04.2023 година. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 15.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање од минимум 2.000,00 ден. Јавното наддавање ќе се спроведе на 07.03.2023 година во 12:00 часот во просториите на Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, Кочани.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работен состанок за справување со дивите депонии на Осоговските планини

Денеска, во салата за состаноци на хотел „Амор“ се одржа работен состанок помеѓу градоначалниците на општините во кои припаѓа територијата на заштитеното подрачје Осоговски Планини, односно градочалникот на Општина Кочани заедно со градоначалниците на општините Макeдонска Каменица, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, претставници од Телото за управување со ЗП „Осоговски Планини“ и претставници од Македонско еколошко друштво. На работната средба беа разгледани проблемите со дивите депонии кои се наоѓаат на заштитеното подрачје Осоговски Планини, изнаоѓање решенија за истите и начини за нивно отстранување.

Прочитај повеќе