ОПШТИНА КОЧАНИ 

Маратонецот Бошко Илиев пливаше на езерото Гратче

По повод Петровден, кавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, придружуван од пливачи од Кочани, пливаа маратон во вештачкото езеро „Гратче“. Годинава популарниот маратонец Илиев имаше техничка поддршка од службите на Дирекција за заштита и спасување и од членови на СЗР „Кочански рибар“ кои го следеа со кајчиња.  – Намерата  ми е да го промовирам пливањето како здрава спортска и рекреативна дисциплина, а  паралелно со тоа и да ги популаризирам природните убавини на езерата. Како лекар, но и како продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање, сакам да им…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Планинарски марш до врвот Китка

Во организација на Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, а со поддршка од Општина Кочани, в недела, 16 јули, љубителите на природата и пешачењето ќе се искачат на врвот Китка на Осоговските Планини. Според претседателот на ПСК „Осогово“ Тошо Антов, ќе се појде во 6 часот наутро од Градскиот парк, а кон врвот Китка ќе се приоѓа откај селото Горна Цера. Кај манастирот Еленец ќе има кратко  објаснување за рутата и правилата за движење во планина. Кон врвот Китка, кој се наоѓа на 1903 м н. в. ќе се пешачи…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Реакција на Општина Кочани

Почитувани медиуми,  Општина Кочани упати реакција во врска со текстот објавен на Канал 8 ТВ под наслов: „Две години Планинарскиот дом на Пониква не е во функција – стои празен, а околината е запуштена“, кој од страна на Канал 8 ТВ не е објавен во целост. Писмената реакција од Општина Кочани е  скратена и со новинарски дополнувања. Со цел јавноста да ја има целата реакција во вид, ја испраќаме и до вас.  Реакција на Општина Кочани во врска со текстот објавен на Канал 8 ТВ под наслов: „Две години Планинарскиот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Мурали на влезот во Кочани

Завршени се двата мурала на улица „Димитар Влахов“ во Кочани кои на влезот на градот му дадоа урбано обележје. Муралите претставуваат комбинација на традиционални и карактеристични мотиви за Кочани, во кои доминираат фолклорни елементи, препознатливи објекти од општината и стилизација на оризот како специфична култура за Кочанско. Во периодот кој следува просторот опфатен со мурали ќе биде осветлен, што ќе овозможи уште поавтентичен изглед и амбиент. Муралите се изработија во рамките на Петровденската програма и Програмата за култура на Општина Кочани.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

Виница го слави Павловден

Со свечена седница, на која беа доделени награди за најдобрите ученици, и науспешните поединци во полицијата, противпожарната служба, здравството, културата и спортот, Виница го заокружи празнувањето на денот на градот Павловден. Непосредно по завршување на седницата, Градоначалникот Миле Петков изјави: Со многу манифестации и настани и годинава го славиме денот на Виница, Павловден, доделувајќи награди и признанија за најуспешните во своите сектори и професии. Ја користам оваа прилика на граѓаните на Виница да им го честитам празникот. Инаку, во рамки на Павловденското празнување денеска се одржаа повеќе верски, музички и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Спектакуларен концерт на ДНК во преполниот градски парк

Концертот на екстра популарните ДНК, со омилените шоумени Панчо и Андреј, синоќа му дојде како шлаг на торта на Петровденското празнување на Кочани. Огромен број млади од Кочани, Штип, Виница и другите населени места, го преполнија градскиот парк, пеејќи ги и џускајќи на хитовите на популарната група. Току Андреј и Панчо успеаја да ја воспостават позитивната конекција со публиката, подигнувајќи ја концертната атмосфера до кулминација со заедничкото пеење на безвремените композиции. Се имаше во рамките на незаборавниот концерт. Честитање роденедени, придружно пеење од девојче од публиката, наградно пиво и своевидна…

Прочитај повеќе